Моделот за кој се крена многу прашина по претставувањето минатата година пристигна во Макпетрол, увозникот на моторите Honda за Македонија.

Главната причина за фамата околу новиот четврт литражен спортски мотор на Хонда дојде пред се заради доминацијата на Кавасаки во овој сегмент. Всушност Кавасаки беше единствениот производител од големата јапонска четворка кој произведуваше модел (Ninja 250R) со оваа зафатнина и притоа остваруваше солиден профит од тоа. “Зелените” продадоа голем број на мотори, а младите беа задоволни што можат да возат почетнички мотор со зафатнина поголема од 125цц. Кавасаки го држеше монополот, но сетоа тоа ќе се промени, на сцената пристигна Honda CBR250RA.

Honda ја започна изработката на новиот модел на бела табла, почнувајќи од нула. Ретко се случува голем производител на мотори да слушне што сакаат моторџиите, наместо да ги убедува што да сакаат. Доколку студијата за 250RA е дело на некакво истражување, Honda би требало веднаш да ги вработи овие луѓе, истражувањето е вистински погодок!

cbr250ra-2

Клучот за успех на еден мотор кај младата публика е добриот изглед, одличното забрзување, малата потрошувачка, и длабок звук (никој не сака да вози чајник што пишти). Сето ова на едно место е склопено во Honda CBR250RA 2011.

Да започнеме со изгледот, еден поглед кон 250RA и првото нешто што ви паѓа на памет е прекрасниот Hcbr250ra-7onda VFR. Светлото во X форма, поткренати рачки, истенчен струк и зашилен заден дел, сето тоа асоцира на VFR. Можеби во Хонда треба да размислат следната година моделот да го именуваат како 250VFR но сепак замислата на Јапонската фабрика е CBR250RA да биде сегментот во спортските модели кој ја пополнува празнината помеѓу 125R и 600RR.

cbr250ra-5Би можеле да се запрашаме зошто тогаш едноцилиндричен мотор кога 250-та сака да биде брзинец. Одговорот е прилично едноставен, економијата си го прави своето. Моторот со еден цилиндар е значително поевтин за изработка, одржување и троши значително помалку во споредба со твин мотор. Истовремено едниот цилиндар воопшто не значи дека моторот е слаб. Со зафатнина од 249цц, моќност од 25кс, моторот ја користи PGM-FI технологијата на Хонда за вбризгување на гориво што значително влијае на перформансите. Моќта при низок вртежен момент е одлична па разбирливо е зошто крајната брзина не е нај јака страна на 250-та. Доколку бидете трпеливи ќе ја видите и бројката од 150км/ч на дигиталниот брзинометар, само благодарение на менувачот и распоредот на брзините. Првите пет од шест-степениот менувач се направени да овозможат одлично забрзување при ниски вртежи, а шестата брзина е распоредена до крајниот лимит на моторот и е предвидена за долго возење по автопат.

cbr250ra-6Возењето со новата Хонда е вистинско задоволство, поставеноста на рачките и ногарките е одлична, седењето не е премногу навалено како на традиционален брзинец, но тоа не значи дека ќе седите исправени како свеќа. Напротив, благото навалување овозможува лесно управување на моторот во градските средини, а имате доволно простор за класично спортско возење по свиоците на некој автопат.

cbr250ra-4Она што импресионира кај 250RA е ABS системот за кочење. Се работи за првиот анти-блокирачки систем на кочниците вграден во оваа класа на моторцикли. Предниот диск од 296мм со тро-клипен систем и задниот од 220мм со единечен клип овозможуваат комбинирано кочење дополнето со ABS. Систем кој безбедно ќе го запре моторот без разлика на брзината со која се движите.

За крај, CBR250RA е одличен избор за прв мотор, или следно скалило во мото кариерата на еден млад возач по CBR125R. Оние пак по искусните кои ја прескокнуваат 250-та заради зафатнината на моторот, пропуштаат многу бидејќи моторот е навистина забавен за возење, економичен и одличен пријател за секојдневните градски гужви.

cbr250ra-3

Општи информации
Модел: Honda CBR 250RA
Година: 2011
Категорија: Моторцикл
Рејтинг: rating_star_full rating_star_full rating_star_full rating_star_full rating_star_full
Цена: 4.690 €
Мотор и пренос
Зафатнина: 249.00 ccm
Тип на мотор: Еден цилиндар, четворотактен
Моќност: ~25.00 HP
Бензински систем: Вбризгувачки, PGM-FI EFI
Палење: Електронско
Систем на ладење: Течност
Пренос: Ланец (O-ring)
Шасија, суспензија, тркала и кочници
Предна суспензија: 37mm телескопски вилушки, 130mm оскино вртење
Задна суспензија: Pro-link единечен амортизер
Предна гума: 110/70-17
Задна гума: 140/70-17
Предна кочница: Единечен диск
Дијаметар на предниот диск:

296mm еден перфориран диск со комбинирани хидраулични троклипни клешти и плочки

Задна кочница: Единечен диск
Дијаметар на задниот диск: 220mm еден диск со хидраулична едноклипна клешта и синтерни плочки
Димензии и капацитет
Тежина: 165.0 kg
Висина на седиште: 780 mm
Вкупна висина: 1,125 mm
Вкупна должина: 2,035 mm
Вкупна ширина: 720 mm
Меѓуоскино растојание: 1,370 mm
Капацитет на резервоарот: 13 литри
Back To Top