Во земјата во која седењето на “цименто” може да се заврши со смртни последици (веројатно од ќотек од баба ти), не е баш честа појава возење мотор во зимски услови, а уште помалку користење на зимски гуми! 

winter tyres

Треба да е сосема природно, ако веќе едвај се навикнавме да користиме зимски гуми за време на зимска сезона кај автомобилите, истото да биде нормално и кај мотоциклите.

Да, постојат зимски гуми за мотор. 

Можеби немате обичај да го користите моторот во зимски услови, но со правилна заштита опрема, ете дополнително и со зимските гуми, воопшто не мора да е чудо да уживате и во студените месеци. 

Додека е сѐ почеста сликата на граѓани кои итаат кон своите работни места возејќи електричен скутер или велосипед, зошто истото не би било возможно и со мотоцикл?

Секако дека мал пазар како Македонија не е баш снабдена со сѐ она што им е достапно на западниот развиен свет, но тоа многу зависи и од нашите навики. Стоката што се бара, лесно го наоѓа патот до пазарот.

 И не се работи за тоа дали и колку денови во годината имаме снег, се работи за една култура на возење и повисока свест, однoсно за почитување на безбедноста на себеси и на останатите учесници во сообраќајот. 

Зошто зимска гума? Составот на зимскиот пневматик овозможува подобар контакт со подлогата при ниски температури, кога вообичаено летната гума стaнува крута и едноставно не “држи”. Дополнително шарата на гумата допринесува за подобро газење односно подобро исфрлање на снегот под пневматикот, а со тоа и подобар контакт со подлогата.

За воља на вистината најчесто кога зборуваме за зимски гуми за мотор тогаш станува збор за гуми кои примарна намена им е да се користат на снег и кал, што не е дека ограничува многу, ама го намалува мотивот да се инвестира во сет зимски гуми ако не возите по снег и длабока кал. Останува да се пресече дали кај нас каде зимата и не е толку долга и ладна, има логика да се менуваат гуми? 

Кај нас нема голем избор за зимски гуми, но знаеме дека Митас произведуваат ваков тип на гуми а имаат свои дилери и во Македонија. Секако и околните држави се опција за набавка на истите.

Кое е вашето мислење и искуство на темата?

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.