Шпанскиот бренд LS2 кој веќе сериозно напаѓа на сите полиња ја поднови својата понуда за 2022 година. 

Веќе некое време ги гледаме низ град, на отворените патишта но и на тркачките патеки. Шпанците неодмана ја проширија својата понуда па покрај кациги сега во својата понуда имаат и облека и ракавици. Но, она по што се најпрепознатливи се одличните перформанси на своите кациги за одлична цена. 

За 2022 во својата освежена програма фокусот го ставија на 3 модели и тоа најновиот Drifter, X-Force и Advant. 

LS2 Drifter Jet кацига

ls2 drifter side w

На нашиот пазар увозник и дистрибутер на LS2 е SkyMoto од каде добивме информација дека дел од новите модели веќе се достапни во нивната богата понуда на бои и дизајни, а некои од поновите најави очекуваат да ги добијат во една од следните пратки. 

 

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.