Givi во својата богата понуда вклучи и универзално светло чија задача ќе биде да ја осветлува внатрешноста на вашиот куфер. 

Заглавуаш на пат, знаеш дека денот ќе заврши со поставување камп, а возењет ти е толку добро што не ти се застанува воопшто. Те фаќа темница, застануваш, се симнуваш од мотор и си помислуваш, доста е за денес, само да извадам нешто од куфер и се ќе биде во ред. Ама темница е, марфи вика дека тоа што го бараш во твојот куфер ќе биде најдолу, скриено, за никогаш да не можеш да го дофатиш. 

givi courtesy light 2

Тука доаѓа во игра новиот произовд на Givi. Соочени со вакви ситуации на италијанците им текнало да направат универзално светло (E198 INNER COURTESY LIGHT FOR CASES) чија задача ќе биде да ја осветлува внатрешноста на вашиот куфер. Кој било куфер е во игра затоа што светлото е на батерија, може да се залепи на кој и да е капак и се полни со USB. 

Досетливо, практично и се надеваме корисно. Производителот вели дека може лесно да се залепи и да стои цврсто залепено, но во исто време може истото и да се извади од своето куќиште и да се користи како рачно светло за ситуациите кога светло ви е потребно и надвор од вашиот багаж. 

Секако моторите ги „украсуваме” со голем број вакви ситници, оваа можеби навистина може да влезе во категоријата додатоци кои навистина се корисни и може да ни завршат работа. 

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.