Во овој текст ви ја преставуваме една од најновите кациги која се најде во нашите раце.

Анализираме....

Ова е X-Lite X-903 Ultra Carbon, најновата кацига која ни доаѓа од групацијата Nolan и која е наменета за сите спорт-туринг ентузијасти. Кацига која вреди за сите пари.

Оклоп и материјали....

X-Lite X-903 Ultra Carbon е наменета за сите спорт-туринг ентузијасти кои бараат кацига која ќе ја има технологијата и иновациите наследени од една од најпопуларните кациги од овој бренд. Првото нешто кое се забележува е школката изработена од јаглеродни влакна. Ова е од голема важност за првиот позитивен дел кај оваа кацига, нејзината тежина. Во L големина, нејзината тежина изнесува само 1480 грама што е за 110 грама помалку отколку кај стандардната верзија. Иако во себе ги инкорпорира соларниот визир и уште неколку други компоненти, таа сепак е многу лесна и удобна.

x lite 903 Txt 1 20 02

Веќе знаете дека носењето на ултра лесна кацига го намалува притисокот врз вратот и обезбедува поголема комфорност. Како што веќе кажавме, станува збор за спорт-туринг кацига и тука мора да се исполнат два, многу важни аспекти: внатрешноста да нуди максимален комфорт и да има ефикасен систем на вентилација.

Внатрешност...

А сето ова го гледаме во новата X-Lite X-903 Ultra Carbon: внатрешноста е изработена од технологија наречена „Carbon Fitting Racing Experience“ и имаме иновативна комбинација на ткаенини кои ја намалуваат влажноста. Кога ја носите кацигата имате чувство на максимален комфорт а ова ќе го цените уште повеќе доколку се наоѓате на некое подолго патување. Логично, внатрешноста може да се извади за да се исчисти.

x lite 903 Txt 2 20 02

Кога зборуваме за внатрешноста, уште една новина кај оваа кацига е системот „Liner Positioning Control“ кој овозможува кацигата на најдобар начин да се адаптира на главата на возачот.

Вентилација...

Како што кажавме, вентилацијата е многу важна кај ваков тип на кациги. Всушност, X-Lite X-903 Ultra Carbon има комплетен вентилациски систем кој многу прецизно ги следи стандардите на туринг кацигите: удобна е и лесна за користење.

x lite 903 Txt 3 20 02

Визир...

Ако зборуваме за ултра широкиот визир, мораме да споменеме два многу важни аспекти. Од една страна, нуди голема прегледност што е од голема важност при возењето а од друга страна спречува автоматско отворање. Од голема важност е и MVA системот кој овозможува лесно отстранување благодарение на магнетите кои се сместени во механизмот на кацигата.

x lite 903 Txt 4 20 02

Други детали...

Меѓу останатите детали кои треба да ги знаете кај оваа спорт-туринг кацига се соларниот визир, стандардниот уред кој спречува замаглување, дополнителниот простор за очила како и системот „NERS“.

x lite 903 Txt 5 20 02

За крај, оваа кацига има простор за инсталација на новата генерација на N-Com.

Заклучок...

Без никакво сомневање, X-Lite X-903 Ultra Carbon е една од најексклузивните спорт-туринг кациги кои ни пристигнуваат од Nolan. Ова е кацига наменета за сите оние кои немаат никаков проблем целиот свој ден да го поминат на мотоцикл. Плус, кацигата ни пристигнува и со неколку различни графики.

Back To Top