N60-5 е нова кацига на Nolan која е наследник на N64.

Анализираме...

Иако е една од најпристапните производи на брендот, Nolan ја примени својата најнапредна технологија за да произведе кацига за сите оние кои бараат дизајн но и вредност за парите кои ќе ги потрошат.

Оклоп...

Надворешниот дел од кацигата е направен од поликарбонит, материјал кој обезбедува врвни перформанси и кој е отпорен на удар. Кацигата го има одобрението ECE 22.05 а тежината на кацигата со големина М изнесува 1430 грама.

Nolan N60 Shell 21 02

Вентилација...

Системот за вентилација се состои од еден влез кој се наоѓа долу на кацигата како и еден „Air Booster “ кој се наоѓа на горниот дел. Тој го насочува воздухот кон важните делови.

Nolan N60 Ventilation 21 02

Влезот за воздух кој се наоѓа кај штитникот за брадата е дизајниран на таков начин за воздухот да биде насочен директно кон визирот. Со ова се намалува замаглувањето и се зголемува вентилацијата. Имате три опции за да го подесите протокот на воздух.

На страничните делови од кацигата има екстрактори кои го вадат топлиот воздух.

Екран...

Визирот е чист и отпорен на гребење. Иако се продава одделно, освен кај класичната верзија, доколку сакате можете да закачите и „Pinlock“.

Nolan N60 Screen 21 02

Стаклото може да се прилагоди а доколку сакате лесно можете и да го извадите и за тоа нема да ви треба никаков дополнителен алат. Спортската верзија има темно зелено стакло кое на кацигата и дава поагресивен изглед.

Внатрешност...

Внатрешноста е направена од двојна ткаенина.

Nolan N60 Inside 21 02

Таа обезбедува одличен комфорт при секакви временски услови. Таа исто така може да се извади и исчисти.

Nolan N60 Inside 1 21 02

Покрај ова, страничните делови се оптимизирани за лицата кои носат очила.

Дополнителни детали...

Кацигата е опремена со микро метрички систем за заклучување наречен „Microlock“.

Nolan N60 Details 21 02

Кај Nolan N60-5 Sport, фановите на мотоциклите ќе пронајдат кацига која има агресивен изглед и врвни перформанси. А фактот дека вреди за цената која ја има ја прави уште попривлечна.

Back To Top