Познатиот производител на кациги LS2 ја прошири својата понуда со новиот модел на чизми Torrent, дизајнирани како двонаменска обувка погодна подеднакво за возење мотор и за планинарење. Како што истакнува Роберт Џонс, овие чизми се подеднакво функционални без разлика дали планирате да пешачите низ планините или да поминете долги денови во седиштето на моторот.
Новите чизми Torrent доаѓаат во три бои и се позиционирани во горниот дел од понудата на брендот. Со цена од околу 160 евра, моделот Torrent е втората најскапа опција во понудата на LS2, заедно со моделот Trekker, додека само моделот Adventure е поскап со цена која може да достигне 200 евра.
Конструкција и заштита
LS2 при изработката на Torrent се фокусираше на удобноста, користејќи 3D мрежест материјал кој овозможува одлична вентилација и спречува потење на стапалата. Надворешниот дел е изработен од комбинација на 3D полиестерска мрежа и TPU материјал, што обезбедува висока отпорност на абење. За дополнителна сигурност, чизмите имаат засилувања на прстите и петицата, како и интегриран IPA штитник на глуждот за подобра заштита при удар. Во однос на безбедноста, од LS2 велат:
Torrent е сертифициран на ниво 1 во сите четири категории на тестирање.
LS2 Torrent чизми во сива и црна боја.
Практичност во сите услови
Дизајнот на Torrent е прилагоден за променливи временски услови, па така чизмите поседуваат водоотпорност со рејтинг од 10.000 mm H2O. За лесно облекување и собување, како и за прецизно прилагодување на ногата, користен е систем за брзо врзување. Ѓонот со двојна густина е дизајниран да обезбеди стабилност и одлична тракција на теренот, што е особено корисно кога ќе се симнете од моторот и ќе продолжите пеш.
Новите LS2 Torrent чизми се наменети за возење или планинарење.
За оние кои се одлучуваат за сиво-жолтата варијанта, LS2 вгради рефлектирачки ленти на петицата и страничните делови, со што се зголемува видливоста на возачот во ноќни услови.
Повеќе информации за LS2 обувките можете да најдете на нивниот веб сајт, или кај увозникот за Македонија, Скај Мото.

Коментари