Kawasaki ја потврди својата понуда за 2027 година, во која повторно ќе бидат застапени моделите Ninja 1100SX и Ninja 1100SX SE, заедно со нивните специјални изданија. Овие машини остануваат столбови во понудата на Kawasaki во литарската спортско‑турерска класа, нудејќи комбинација од динамичен дизајн, спортски перформанси и практичност за подолги патувања.
Срцето на овие модели е четирицилиндричниот линиски агрегат со зафатнина од 1.099 кубика, кој испорачува максимална моќност од 136 КС при 9.000 вртежи и вртежен момент од 113 Nm. Моторот е дизајниран за силно повлекување во ниските и средните вртежи, додека истовремено задржува робустен карактер при високи вртежи.
Спортски карактеристики и опрема
Ninja 1100SX е опремен со алуминиумска рамка, предна „upside down“ вилушка и задна суспензија со хоризонтална задна врска, инспирирана од моделот ZX-10R. За безбедно запирање, верзијата SE користи Brembo сопирачки со дискови, Brembo M4.32 клешти, Brembo главен цилиндар и челични плетени црева. Дополнително, SE моделот доаѓа со Öhlins S46 заден амортизер со далечинско прилагодување на преднапрегањето и греачи на рачките.
Технологија и електронски помагала
Пакетот вклучува низа електронски помагала базирани на IMU сензор, како што се систем за управување во свиоци, контрола на тракција со три режими и интегрирана функција за кочење. Возачите имаат на располагање два режима на моќност и четири интегрирани режими на возење. Стандардната опрема вклучува и quick-shifter за менување на брзините нагоре и надолу без кунплуг, а сите модели доаѓаат и со одлична заштита од ветер, што ги прави погодни за спортско возење и за долги тури.
Преку апликацијата Kawasaki Rideology, мотоциклот се поврзува безжично со паметниот телефон, овозможувајќи гласовни команди, навигација, известувања за повици, како и преглед на дневникот на возење и информации за машината. Она што е интересно е дека Rideology апликацијата овозможува промена на сетинзи без вадење ракавици.
Верзии и достапност
Покрај основните модели, купувачите можат да изберат меѓу три дополнителни изданија: Tourer, Performance и Performance Tourer, кои се опремени со оригинална дополнителна опрема од Kawasaki. За 2027 година, достапни се следните бои:
- Ninja 1100SX: Metallic Carbon Gray / Metallic Diablo Black
- Ninja 1100SX SE: Plasma Lime Green / Metallic Diablo Black и Pearl Stardust White / Metallic Diablo Black





Коментари