Марк Маркез вели дека не бил спремен за интензивна битка веднаш откако се вратил на патеката но останал смирен. Трката ја заврши како најдобар возач на Honda.
Викендов се вози третата трка од МотоГП шампионатот. Погледнете го распоредот за викендот и не заборавајте, МотоГП трката во недела започнува во 14 часот по наше време.
Жоан Мир смета дека Џек Милер намерно се удрил во него за време на судирот меѓу двајцата возачи кој се случи на патеката во Катар. „Ја заврте главата како да ме виде, потоа продолжи и за малку не се судривме на правецот. Беше многу опасно.“
Најлошата позиција на квалификациите која некогаш ја освоил Валентино Роси беше надополнета со освоеното шеснаесето место по завршувањето на трката во Катар.