Марк Маркез, заедно со медицинскиот тим од болницата Ruber internacional, одлучија дека е прерано тој да се врати на патеката за првата трка од сезоната која ќе се вози овој викенд во Катар.
Тимот работи паметно а внатре во екипата владее позитивна атмосфера, вели новиот возач на Petronas, Валентино Роси, по завршувањето на пред-сезонскиот тест во Катар.
Фабио Куартараро со нетрпение ја очекува првата трка од сезоната. После пет продуктивни тестови со новиот тим, Monster Energy Yamaha, Куартараро вели дека е загрижен поради брзината која ја има машината на Ducati.
Според најновите информации кои ни пристигнуваат од Repsol Honda, Марк Маркез добил дозвола да ги засили тренинзите со цел постепено да се врати во MotoGP.