По падот на Франческо Бањаја во послендиот дел од денешната трка во Мизано, французинот Квартараро на две трки пред крајот на сезоната ја слави својата прва титула. 

quao 0.big

И покрај катастрофалните квалификации во саботата, Фабио успеа да се пробие од 15-тото место на стартот до позицијата број 5 која му обезбедуваше убедлива но сепак не доволна предност пред Пеко Бањаја пред последните две трки сезонава. Бањаја кој конечно после 3/4 од трката почна да се одлепува од Маркез неговата верна сенка од самиот почеток на трката, и точно на 4 круга пред крај и скоро 1 секунда предност падна од првата позиција. Ова значеше крај за надежите за борба за титулата и прва титула за еден французин. 

Прославата за титулата беше подготвена. Златната кацига ја подигна Фабио кој не можеше никако да ги запре своите солзи радосници. 

„Пред неколку години кога бев во лоша форма никогаш не се ни надевав дека ќе бидам светски MotoGP шампион. Сега се чувствувам како да сум во некој сон, и уште не можам да сватам што ми се случува” - изјави по трката Фабио

8 1.big

Патот до најпрестижната титула во мото натпреварувањата не му беше нималку лесен. По успехот во Шпанскиот шампионат Фабио имаше тешки сезони во Moto3 и Moto2. За конечно да почне да ја враќа самодовербата кога се префрли во MotoGP.  

Уште една прослава имаше викендов во Мизано, онаа со која локалните фанови се збоугуваа со легендата Валентино Роси. За него остануваат уште две трки но во Португалија и Шпанија и со тоа се завршува неговата кариера како возач во MotoGP. Едно е јасно, натпреварувањата ги остава во добри раце, а на сите им е јасно дека тој заминува од асфалтот, но не заминува од трките. 

Back To Top