MotoGP

Факти, рекорди и тривија за Валентино Роси

Денес го испраќаме Роси. Денес во Валенсија легендата, Валентино Роси, се збогува од спортот и натпреварувањето кое за многумина беше синоним со неговото име. Пред да го испратиме во светот на трките на 4 тркала, еве листа на факти која вчера беше објавена на MotoGP.com

Следете нè на:

Денес го испраќаме Роси. Денес во Валенсија легендата, Валентино Роси, се збогува од спортот и натпреварувањето кое за многумина беше синоним со неговото име. Пред да го испратиме во светот на трките на 4 тркала, еве листа на факти која вчера беше објавена на MotoGP.com

 46 valentino rossi

 

- Роси и Фил Рид се единствените возачи кои имаат освоено титули во 125, 250 и 500cc класите (Маркез има освоено МотоГП класа).

- Роси е единствениот возач кој има освоено титули во 4 класи, 125, 250, 500 и МотоГП.

- Роси и Џакомо Агостини се единствените двајца возачи кои ја освоиле титули во премиерната класа со двотактна и четворотактна машина. 

- Со победата на почетокот на сезоната 2004 година во Јужна Африка, стана единствениот возач кој освоил две победи по ред на трка со различни мотори (Honda и Yamaha).

- Во 2004 стана вториот возач кој освоил две титули по ред со различни мотори. Првиот е Еди Лосон, кој во 1988 победил со Yamaha, а во 1989 со Honda. 

- Роси го држи и рекордот за најдолга серија на подиуми во премиерната класа. 23 подиуми по ред од 2002 Португалија, до 2004 и трката во Јужна Африка. 

- Роси ја имаше честа да ја освои својата 500-та победа за Хонда, кога победи на jапонското ГП за 500cc во април 2001.

- Роси има освоено ГП трки на седум различни мотори: 125cc Aprilia, 250cc Aprilia, 500cc Honda, 990cc Honda, 990cc Yamaha, 800cc Yamaha и 1000cc Yamaha.

- Неговите 11 победи во сезоната од 2005 година се најголем број победи на возач на Yamaha во една сезона. 

- Тој е единствениот возач кој со Yamaha бил највисоко на пиедесталот 5 трки по ред. 

- Роси е единствениот кој имал 5 или повеќе победи по ред со два различни мотори, Yamaha и Honda. 

- Роси е најуспешниот возач на Yamaha на сите времиња со 56 победи на нивни мотори. 

- Неговите 89 победи во премиерната класа се рекордни. Втор по него е Џакомо Агостини со 68. 

- Роси има вкупно 115 ГП победи во сите класи. Само Агостини има повеќе, 122.

- Третото место во Херез 2020 година беше неговиот вкупен 199-ти подиум во премиерната класа, повеќе од кој било друг возач. Втор по него е Хорхе Лоренцо со 114. 

- Вкупно 235 пати се има искачено на подиумот во сите класи. Втор, со 159 подиуми, е Агостини.  

- Денешното ГП во Валенсија ќе биде неговиот 432 старт. Ова се 44,4% од сите трки кои се организирани од стартот на првенството во 1949 година. Втор на оваа листа е Довициозо со 332 старта, до крајот на 2021. 

- Стартот во Валенсија за него ќе биде 372 старт во премиерната класа, втор на оваа листа е Алекс Барош со 245 стартувања. 

- Роси ја има и најдолгата кариера на победи во премиерната класа, неговата последна победа во 2017 во Холандија е 16 години и 351 ден после неговата прва победа во Донингтон во 2000 година.

 

- Во својата кариера Роси се натпреварувал на 38 различни ГП патеки. 

- Од 38 патеки, на 29 има најмалку по една победа. Ниту еден друг возач нема победено на толку различни патеки. 

- Патеките на кои Роси има најмногу победи се Каталонија и Асен, каде има по 10 победи. 

- Во премиерната класа возел на 29 различни патеки. 

- Победувал на 23 од тие 29. 

- Патека на која има најмногу победи во премиерната класа е Асен.  

- Патека на која најмногу возел е патеката во Херез каде има 27 ГП стартувања од кои 23 во премиерната класа. 

- Во кариерата Роси застанал на подиум со 55 различни возачи. Најмногу пати стоел на подиум со Хорхе Лоренцо, 53 пати.

- Во премиерната класа Роси на подиум застанал со 38 различни возачи.

- Последен пат кога бил на подиум со возач постар од него било во 2008 година, со Лорис Капироси.  

- Во последната трка во Валенсија, Роси ќе биде последниот возач роден во 1970-тите кој ќе се натпреварува во МотоГП. 

- Има само три возачи со кои Роси застанал на победнички пиедестал, а никогаш не стоел повисоко од нив: Алекс Ринс, Фабио Квартараро и Штефан Брадл.

Би можело да ве интересира

Дали MotoGP е навистина најпосакуваниот мото шампионат меѓу возачите? 

MV Agusta преку проектот Lucky Explorer влегува во популарната Adventure категорија!

По стапките на поголемиот брат и помалиот Versys го менува својот изглед и доби некои нови „гаџети”

После 6 сезони имаме неизвесен финиш пред последниот викенд во Малезија. Razgatlioglu или Rea? Кој ќе биде шампион оваа година?

По неизвесноста околу спонзорот и дали воопшто новиот VR46 Racing тим ќе се појави следната година во MotoGP шампионатот, еве добра вест. VR46 Ducati ќе има во MotoGP!

Денес го испраќаме Роси. Денес во Валенсија легендата, Валентино Роси, се збогува од спортот и натпреварувањето кое за многумина беше синоним со неговото име. Пред да го испратиме во светот на трките на 4 тркала, еве листа на факти која вчера беше објавена на MotoGP.com

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.