MotoGP

VR46 Ducati го потврди својот настап на MotoGP

По неизвесноста околу спонзорот и дали воопшто новиот VR46 Racing тим ќе се појави следната година во MotoGP шампионатот, еве добра вест. VR46 Ducati ќе има во MotoGP!

Следете нè на:

По неизвесноста околу спонзорот и дали воопшто новиот VR46 Racing тим ќе се појави следната година во MotoGP шампионатот, еве добра вест. VR46 Ducati ќе има во MotoGP!

 vr46 aramco

Не знаеме која вест е поинтересна, дека ќе го има тимот за кој ќе возат помалиот брат на легендарниот Валентино Роси заедно со Марко Безеки или дека самиот Роси најавил дека ќе го проба моторот на тестовите планирани во периодот кој следи. 

Ајде со ред. Лука Марини и Марко Безеки под менаџерската палка на Пабло Нието сега веќе и официјално се дел од новиот тим во кралскaта класа. Веста стана официјална кога FIM ја објави листата на учесници на светскиот MotoGP шампионат за 2022 година.

VR46 Racing се поместува од Moto2, да се натпреварува во MotoGP за прв пат следната сезоана и тоа секако во моментот кога нејзиниот основач Валентино Роси се повлекува од активното натпреварување во овој шампионат. 

Марини ќе ја има својата втора сезона во најелтната категорија по просечната сезона оваа година во тимот на Avintia Racing. Неговиот најдобар резултат оваа година беше петтото место на влажната патека во Австрија. 

Безеки ќе биде еден од четворицата новајлии во класата. Тој ќе им се придружи на Реми Гарднер, Раул Фернандез и Фабиот Ди Џантонио. Безеки се преместува од Moto2 каде сезоната ја заврши на 3 место во генералниот пласман. 

Тимот на Роси 2022 година ќе го има нарасполагање овогодинешниот модел на Ducati, GP21 и ќе бидат всушност дел од вкпно 8-те мотори на овој производител на патеките следната година. 

И додека нема ни трга ни глас од најавениот спонзор, во вестите повторно го имаме Роси кои изразил желба повотрно да се качи на Ducati и да го увиди развојот кој оваа година, особено на последната трка во Валенсија оправдано ги заплаши сите.  

Би можело да ве интересира

Дали MotoGP е навистина најпосакуваниот мото шампионат меѓу возачите? 

MV Agusta преку проектот Lucky Explorer влегува во популарната Adventure категорија!

По стапките на поголемиот брат и помалиот Versys го менува својот изглед и доби некои нови „гаџети”

После 6 сезони имаме неизвесен финиш пред последниот викенд во Малезија. Razgatlioglu или Rea? Кој ќе биде шампион оваа година?

По неизвесноста околу спонзорот и дали воопшто новиот VR46 Racing тим ќе се појави следната година во MotoGP шампионатот, еве добра вест. VR46 Ducati ќе има во MotoGP!

Денес го испраќаме Роси. Денес во Валенсија легендата, Валентино Роси, се збогува од спортот и натпреварувањето кое за многумина беше синоним со неговото име. Пред да го испратиме во светот на трките на 4 тркала, еве листа на факти која вчера беше објавена на MotoGP.com

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.