(Време на читање: 1 минута)


Фабио Квартараро имаше уште еден тркачки викенд за заборав на Силверстоун, откако по завршувањето на трката доби казна од 16 секунди. Возачот на Yamaha првично ја мина целта на 12-тото место, но поради техничка неправилност со сензорот за притисок на предната гума, беше поместен на 16-тата позиција, со што остана без освоени бодови.

Официјалната истрага утврди дека идентификацискиот број на сензорот не бил правилно регистриран во базата на податоци на приемникот, поради што во текот на целата трка не биле евидентирани податоци за притисокот во предната гума. Поради овој пропуст, Квартараро ја доби истата казна што се применува за возачите кои не ги исполнуваат пропишаните минимални вредности за притисок во гумите.

1000051715

Тежок викенд за Yamaha

Оваа казна само го заокружи компликуваниот викенд за францускиот возач, кој покрај проблемите со гумите, се соочи и со недоволно конкурентната машина на јапонскиот производител. Останатите возачи на Yamaha исто така имаа тешка трка: Алекс Ринс мораше да се повлече уште во првиот круг, додека Аугусто Фернандез, благодарение на казната на Квартараро, се искачи на 15-тото место и го освои последниот расположлив бод.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: