(Време на читање: 1 - 2 минути)


Алекс Ринс донесе конечна одлука да стави крај на својата кариера во мотоциклистичките трки. Триесетгодишниот шпански возач потврди дека по завршувањето на неговиот ангажман во фабричкиот тим на Yamaha, ќе се повлече од MotoGP шампионатот и ќе се насочи кон кариера во автомобилизмот, која треба да започне во 2027 година.

Одлуката доаѓа откако Yamaha потврди дека Ринс нема да биде дел од нивната програма следната сезона. Иако имал понуди за настап во World Superbike шампионатот, Ринс ги одбил, наведувајќи дека пронашол нов проект кој дополнително го мотивира, иако деталите за истиот сè уште не се целосно финализирани.

alex-rins-yamaha-factory-racin

Ринс, кој зад себе има 14-годишна кариера во Светскиот шампионат во мотоциклизам, призна дека изборот бил тежок, но неопходен. „Целиот мој живот го поминав во MotoGP, со многу борби, трки и победи. Сепак, она што се случува во последно време е комплицирано и тоа ми ја намали желбата за продолжување во светот на мотоциклите“, изјави Ринс.

Во текот на своите 10 сезони во кралската класа, Ринс забележа шест победи и 18 подиуми. Својот пат во MotoGP го започна со Suzuki, каде ги оствари најголемите успеси, додека во 2023 година премина во LCR Honda, каде победи на третата трка пред да доживее сериозна повреда на патеката Муџело, која значително влијаеше на неговиот понатамошен настап. Неговиот тригодишен престој во Yamaha, пак, не ги донесе очекуваните резултати, делумно поради падот на формата на моделот M1.

Иако се повлекува од професионалното тркање со мотори, Ринс не ја исклучува можноста во иднина повремено да се појавува на две тркала, слично на улогата што ја има Кал Крачлоу. „Мотоспортот е мојот живот. Со години, покрај професионалните обврски, се занимавам со автомобили, возење по пустина и трки на мраз. Тоа е во мојата крв и ќе продолжам да тренирам“, додаде тој.

Со заминувањето на Ринс, фабричкиот тим на Yamaha за следната сезона комплетира нова возачка постава составена од Хорхе Мартин и Аи Огура.

Пријавете се на билтенот за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: