Kawasaki направи значајни промени кај познатиот ZX-10R за сезоната 2021.

Kawasaki направи значајни промени кај познатиот ZX-10R за сезоната 2021. Највпечатливи се тркачките, аеродинамични, додатоци кои се додадени со цел оваа машина да биде најдобра како на тркачката патека така и на улиците.

Новиот изглед на Ninja машината е најголемата промена која е направена кај мотоциклот во последната декада. Веќе го нема препознатливиот, остар, преден дел. Оваа машина сега има многу поаеродинамичен преден дел на кој се интегрирани аеродинамичните крилца.

Исто така има и нови, покомпактни, двојни LED светла, како и повисоко ветробранско стакло.

Kawasaki ZX 10R main 24 11

Новите држачи за нозете даваат уште поагресивен изглед а задниот дел на седиштето е повисок. Тука е и новиот, тркачки, 4.3 инчен TFT екран како и електронската контрола на патувањето.

Нема големи промени кај докажаниот, 200bhp 998cc четири цилиндричен мотор освен новиот издув кој има придушувач на звукот со цел да биде исполнет Euro 5 стандардот. Промени има кај менувачот со цел да се подобри забрзувањето а исто така промени има и кај режимите на возење.

Воглавно нена измени кај шасијата но задната вилушка сега е за 1 милиметар пониска со цел да се подобри суспензијата.

Kawasaki ZX 10R txt 1 24 11

Лимитираната верзија (само 500 примероци), со чија помош Џонатан Реа ќе се обиде да стигне до седмата титула во WSBK серијата, е повеќе фокусирана за тркачката патека.

Сите делови се специјално направени со цел да му помогнат на Реа повторно да биде шампион.

Kawasaki ZX 10R txt 2 24 11 copy

Со цел да се искористат новите регулации бројот на вртежи е зголемен од 14,300 на 14,700rpm.

ZX-10R би требало да пристигне во Мај, а препорачаната цена од производителот изнесува 17.700 евра. Колку за споредба, Honda Fireblade има цена од 22.500 евра додека пак цената на Yamaha R1 изнесува 19.000 евра. Цената на ZX-10RR изнесува 27.800 евра.

Back To Top