Мотоцикли

Lucky Explorer на MV Agusta нѐ враќа во времето кога пушењето не беше најголемиот грев!

MV Agusta преку проектот Lucky Explorer влегува во популарната Adventure категорија!

Следете нè на:

MV Agusta преку проектот Lucky Explorer влегува во популарната Adventure категорија!

mv agusta lucky explorer project 5.5 blue sky front left angle view

Порано швајцувањето имаше неколку значења како на пример заварување на 2 парчиња метал, но и палење на следна цигара од онаа која што се пуши во моментот. Никако не ја поддржуваме оваа вторава лоша навика, но мора да признаеме дека не потсеќа на едни малку поопшутени времиња. Барем нас малку повозрасните...

Како и да е, во тие времиња токму тутунските гиганти ги поддржуваа мотоспортовите во огромен дел и беа асоцијација за возбуда и слободен дух. Па така се сеќаваме на тркачките Marlboro (ако не смее да се рекламираат цигари тогаш нека пишува црвено белите) Ducatti, Rothmans (сино-белите) Honda, или пак на Lucky Strike (зелено-црвената на бела основа) Cagiva Elefant Desert. Токму последната легенда е инспирација за студијата на MV Agusta која сака да влезе во неверојатно популарната Adveture категорија. 

lucky explorer 1

Рецептот е познат. Паралелен двоцилиндричен мотор од 550 cm³ (кај моделот 5.5) погоден за висок вртежен момент на ниски вртежи, долг од на амортизерите за надминување на сите препреки на асфалтот (шахтите во Македонија) и песочните дини на Дакар, како и исправената позиција за седење за изминување на неколку стотици километри одеднаш. 

lucky explorer 3

Кај е една таму се и две промоција, па MV веднаш ќе понуди и помоќна варијанта 9.5 која ќе се нуди со троцилиндричен реден мотор од 930 cm³, придруженa со сите неопходни модификации на остатокот од мотоциклот за справување со поголемата моќ на моторот. Тука се и веќе вообичаените скапи материјали, опцискиот полуавтоматски менувач и богатата опрема, но главниот адут е секако емоцијата која ја буди оклопот на овој Adventure!

Да сме здрави и живи и да дочекаме проектот Lucky Explorer да се материјализира, за да го пробаме во живо и да се запознаеме подобро и да споделиме импресии!

Автор: Ниџо Николовски

Би можело да ве интересира

Дали MotoGP е навистина најпосакуваниот мото шампионат меѓу возачите? 

MV Agusta преку проектот Lucky Explorer влегува во популарната Adventure категорија!

По стапките на поголемиот брат и помалиот Versys го менува својот изглед и доби некои нови „гаџети”

После 6 сезони имаме неизвесен финиш пред последниот викенд во Малезија. Razgatlioglu или Rea? Кој ќе биде шампион оваа година?

По неизвесноста околу спонзорот и дали воопшто новиот VR46 Racing тим ќе се појави следната година во MotoGP шампионатот, еве добра вест. VR46 Ducati ќе има во MotoGP!

Денес го испраќаме Роси. Денес во Валенсија легендата, Валентино Роси, се збогува од спортот и натпреварувањето кое за многумина беше синоним со неговото име. Пред да го испратиме во светот на трките на 4 тркала, еве листа на факти која вчера беше објавена на MotoGP.com

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.