Преставен уште еден рачно изработен BMW R18, овој пат креиран од Дирк Охлеркинг од Германската компанија Kingston Custom.

Оваа арт-деко инсипирана креација е наречена „Spirit of Passion“ и ги следи другите изработки кои се базираат на R18 крузер моделот.

Најочигледната модификација е кај предниот дел каде е покриено тркалото и поголемиот дел од моторот. Овој дел, заедно со рачките и задниот штитник за кал се изработени во просториите на Kingston Custom, а тука исто така е модификуван и издувот.

Spirit of Passion R18 03

Трепкачите се заменети со „Kellermann“ единици а LED светло е интегрирано на предниот дел.

Покрај овој дел како и седиштето одбрано од каталогот на BMW, Охлеркинг го остави остатокот од мотоциклот речиси непроменет. „BMW R 18 е перфектен и поради тоа ја оставив технологијата како што е. Рамката е 100% оригинална и е толку многу софистицирана што нема потреба ништо да се менува“, вели Охлеркинг.

Back To Top