За Yamaha MT-09 многумина велат дека не е меѓу најубавите машини на пазарот. За среќа, три цилиндричниот уличен мотоцикл е достапен и како café racer верзија, Yamaha XSR900.

Тука ја започнуваме денешната приказна. Благодарение на „Yard Built“ програмата на Yamaha, младите инжинери и дизајнери имаат можност да направат нешто ново и прекрасно.

Тука го гледаме XR9 Carbona, проектот на Дејвид Санчез од Bottpower. Изгледот ќе биде достапен за сите оние кои не се задоволни од тоа како изгледа нивната Yamaha XSR900.

XR9 Carbona позајмува делови од уште една друга креација на Bottpower, BOTT XR1R.

Машината е изработена околу Buell XB платформата и е дел од Pikes Peak International Hill Climb. И во претходните креации на Санчез можевме да видиме комбинација на уличен и тркачки мотоцикл а слично е и со XR9 Carbona.

Custom XR9 Carbona 15

„XR9 Carbona е инспириран од победите кои ги постигнавме на Pikes Peak. Благодарение на моќноста и компактната шасија, ни стана јасно дека Yamaha XSR900 е идеална основа“, вели менаџерот на Bottpower, Давид Санчез.

„Прво нашата цел беше да креираме интересен и брз мотоцикл кој ќе има модерен и агресивен изглед. Но исто така сакавме да создадеме и нешто кое ќе може да го користи секој еден кој има Yamaha XSR900. “

„Користејќи го нашето големо искуство со 3Д принтање, воведовме некои од елементите кои се застапени кај Yamaha R серијата со цел возачот да има чуство како да вози тркачки мотоцикл“, вели Хуго ван Ваиен, еден од дизајнерите во Bottpower.

„XR9 Carbona има многу додатоци кои го прават покрупен предниот дел од машината додека пак во исто време, задниот дел од мотоциклот изгледа пократок. Кога го гледате однапред, изгледа како Питбул.“

За да се трансформира Yamaha XSR900 во XR9 Carbona компанијата го промени изгледот на резервоарот и предните и задни светла. Исто така, напред има LED позициони светла, аеродинамични додатоци, држач за регистрација и уште многу други делови.

Секако, за да се комплетира целосната трансформација во XR9 Carbona ќе ви треба и издувот од Акраповиќ, Öhlins суспензија, Brembo пумпи за сопирачките и квачилото како и Rotobox Boost тркала изработени од јаглеродни влакна.

Како и претходните креации на Bottpower, XR9 Carbon се чини дека ќе биде одличен како за возење по улица така и за настап на тркачката патека.

Со 113hp, мотоциклите од Yamaha MT-09 линијата воопшто не се слаби. А со оглед на сите додатоци кои ги има, очекуваме неговата тежина да биде помалку од 195 килограми, колку што има XSR900.

 

Back To Top