На 18 и 19-ти март со првата трка која ќе се одржи на патеката Јаница во Грција официјално започнува новата сезона од БМУ Европскиот шампионат во мотокрос.
На 18 и 19-ти март со првата трка која ќе се одржи на патеката Јаница во Грција официјално започнува новата сезона од БМУ Европскиот шампионат во мотокрос.
Вкупно 12 возачи ќе ја претставуваат Македонија на првата трка од шампионатот. Во класата МХ1 ќе недостасуваат Гоце Томовски и Христијан Илиоски, а ќе имаме прилика да ги следиме Синиша Николовски (МК Александар), Михаил Бајовски (МК Хамачи Екстим) и Васко Киров (МК Ноќни Волци).
Во класата МХ2 ќе имаме 5 претставници, Христијан Станковиќ (МК Мотостарс), Дејан Маџиров и Ангел Ристов (МК Ноќни Волци), Драган Ванов и Виктор Караколев (МК Мото Велес).
Во класата МХ/МХ Ветерани (MXV) ќе настапат Борче Костов и Петрос Танусис (МК Ноќни Волци), Атанасиос Папаниколау (МК Мото Велес), а Јован Стојков (МК Мотостарс) ќе се бодува само во МХ класата.
За галеријата од минатата година кликнете овде.
БМУ Европски шампионат во мотокрос 2017 | |||
Рунда | Датум | Патека | Земја |
1 | 18-19 март | Јаница | Грција |
2 | 27-28 мај | Крешево | БиХ |
3 | 10-11 јуни | Лазареа | Романија |
4 | 17-18 јуни | Глобаре | Србија |
5 | 9-10 септември | Самоков | Бугарија |
6 | 7-8 октомври | Тројан | Бугарија |