Ванов Сашко продолжува со соработката со шпанците на најтешката хард ендуро трка на Светот. 

И на ова издание на „Red Bull Romaniacs“ Ванов беше поканет да биде дел од тимот „Virtus Off Road“. Годинава тој беше поддршка на возачите, механичар и логистика за тимот. За разлика од минатите изданија на трката каде тимот учествуваше со по 7 возачи, оваа година тие настапија само со тројца.

123685440 4040768549285320 5993870533969451526 n

Учеството на ваква трка изнесува 1600 евра, котизација која всушност е нај малиот трошок од целиот настан. Во просек за секој возач потребни се од 4000 до 5000 евра за петте натпреварувачки денови, односно 8 дена престој во Сибиу. За сериозноста на трката говори и фактот дека за подготовка на мотоцикл се потребни најмалку 12.000 евра, средства кои треба да се одвојат за мотор кој по крајот на трката скоро целосно уништен. Често пати тимовите ги расходуваат моторите по трките бидејќи се потребни повеќе пари за да се поправат отколку да се подготви нов мотор. 

„Red Bull Romaniacs“ е трка на која не може секој да учествува, возачите доаѓаат од сите континенти, а градот Сибиу живее за овој настан. За време на одржувањето на трката целиот град е посветен на тоа, а станува збор за град кој е прогласен за Европски град на културата за 2007. 

За жал оваа година заради пандемијата со Ковид вирусот традиционалното возење во центарот на градот изостана, па на публиката и беше скратено ова задоволство. Возачи од Македонија за сега нема, едноставно финансиските трошоци се премногу големи за некој да се нафати да вози на оваа трка.

Повеќе информации за самиот настан има на официјалниот сајт.

Back To Top