Сезоната во брзински мотоциклизам требаше веќе да биде во полн ек, но заради пандемијата со вирусот исто како и во Светски рамки и локалните шампионати беа одложени. Разговараме со Хрситијан Бузалковски за актуелната состојба и неговите размислувања за претстојната сезона.

- Како Бузалковски ја доживеа/преживеа кризата со вирусот?
Со напорни тренинзи секако без моторцикл за жал, меѓутоа физичката кондиција ја развив на едно многу високо ниво, можам да кажам дека волку спремен не сум се чувствувал досега!

 - Како се одржуваш во форма со оглед на тоа што не може да се тренира ниту на Серез?
За среќа, дома имам мини теретана и таму тренирам секој ден. Покрај тоа секако возам и велосипед, трчам, а тука е мини мотото со кое што направив неколку тренинзи во изминатиов период.

 - Кажи ни нешто повеќе за мотоциклите кои ги имаш
Моментално имаме две Хонди! Моторите се опремени со потребната спецификација за класата Сток (Стандард класа) мора да напоменам дека не се побрзи во однос на моторциклите на моите конкуренти, но мене ми се многу возливи и одлично се справувам на патеката со нив :)

- Со кој од конкурентите си во добри односи, и дали има некој со кој си замерен?
Па, до сега, мора да признаам дека со сите гледам да имам добар контакт како за ривал, не можеме да бидеме преблиски, но имам океј однос со скоро сите нив :)

- Која ти е омилена патека?
Омилена патека ми е ТТ Асен, бидејќи таму се вози МотоГП и некако е доживување да се тркаш на стаза каде што се тркаат Роси, Маркез и сите други возачи од светската елита. А покрај оваа патека исто така ми е омилена и гробник во Хрватска!

- Кој момент од досегашната кариера ти оставил најголем впечаток?
Најголем впечаток до сега ми остави првиот настап на Алпе Адриа!

- Каква е разликата од трките во Алпе Адриа шампионатот со оние од Источно-Европскиот?
Алпе адриа е шампионат од многу повисок ранг, многу посериозни тимови, возачи и патеки. Првите неколку возачи од овој шампионат возат на светско првенство и многу убаво се чувствувам кога знам дека се натпреварувам со тркачи од таков карактер. Додека пак БМУ Европскот шампионат си има посебна тежина, бидејќи долго време се возат само неколку исти патеки и конкурентите ги знаат тие патеки многу добро. Така да морам да признаам дека и тој шампионат не е лесен за возење бидејќи конкурентите се силни. Можеби изгледа лесно дека победивме на последните две трки, но мора да напоменам дека мене не ми изгледаше така :))) Затоа се спремаме за новата сезона многу сериозно!

- Дали мислиш дека шампионат со скратен број на трки е добра или лоша работа?
Колку е добра толку е и лоша. Добрата работа е тоа што повторно после долга пауза ќе имаме трки, а лошата страна е тоа што ќе немаме простор за грешка и ќе мора да бидеме 200% фокусирани на трките кои што доаѓаат!

- Кој те поддржува оваа сезона?
Оваа сезона ме поддржува КОМПАНИЈА ВЕЛКОСКИ како официјален спонзор, МОТУЛ Македонија и СКАЈ МОТО! Се надевам дека во иднина ќе се јават и други спонзори и ќе бидеме уште појаки бидејќи секој спонзор плус е добродојден во тимот!

- Твоја прогноза за исходот во МотоГП шампионатот?
Па ќе имаме интересна сезона, Квартараро ќе атакува на победа, Маркез пак на титула, тука ќе бидат и Вињалес, Роси, Дови и Џек Милер! Мој фаворит е Роси, ама ќе видиме како ќе се одвива сезоната!

- Нешто за крај што заборавивме да те прашаме, а би сакал да споделиш со фановите?
Носете маски и пазете се! :))))))

Back To Top