(Време на читање: 2 - 3 минути)


Христијан Илиоски – Кико продолжува со одличните настапи во БМУ Европскиот мотокрос шампионат. На трките кои изминатиот викенд се одржаа во Хајраболу, Турција, македонскиот натпреварувач забележа две победи во класата MX1, освојувајќи максимални 50 поени и дополнително зголемувајќи ја предноста на врвот на генералниот пласман.

Петтата рунда од БМУ Европскиот мотокрос шампионат се возеше на патеката Burak Özel во Хајраболу, долга 1.500 метри, паралелно со трките од Турскиот мотокрос шампионат. На настанот учествуваа натпреварувачи од Турција, Македонија, Бугарија, Романија и Грција.

35754031_2026_HAYRABOLU_KUPA_-1

Уште во саботните квалификации Кико покажа дека располага со брзина за самиот врв. Со својот Triumph беше најбрзиот натпреварувач од класата MX1, со најдобар круг од 1:35.274.

Следниот ден ја потврди брзината и во двете главни трки.

Во првата трка, Илиоски заврши прв во MX1 пред Турците Мустафа Четин и Јигит Али Селек. Кико извози 16 круга за 24:37.124, а неговиот Triumph уште еднаш се покажа како одлична основа за борба за највисоките позиции.

786036964 1704235858375688 8397514943626984615 n

Во втората трка следуваше практично идентичен расплет – уште една победа за Илиоски во MX1, повторно пред Четин и Селек. Со две први места Кико си замина од Хајраболу со максимални 50 поени.

Конкуренцијата секогаш е предизвик. Секоја трка и секоја патека е борба. Во мотокросот секогаш има интересни и напнати моменти, од стартот до самиот финиш, а овојпат дополнителен предизвик беше да се издржи и високата температура. Мојот Triumph е одличен и одлично ме служи. Работиме на моторот за да ги подобриме севкупните перформанси и да можеме да го следиме современиот мотокрос изјави Илиоски

786052684 1704235955042345 1740965490234361892 n

Убедливо прв во генералниот пласман

Двете победи во Хајраболу имаат големо значење и во борбата за титулата.

По пет одржани рунди од шампионатот, Христијан Илиоски (МК Пелистер) е лидер во MX1 со 213 поени. Второпласираниот Роберт Кристијан Томпа има 144, додека трет е Јигит Али Селек со 129 поени.

За мене, за мојот тим, за моите спонзори и за мојата држава Македонија овие резултати значат многу. Треба да се издржи целата сезона, бидејќи како што велат – крајот го краси делото. Огромна благодарност од срце за добиената поддршка. Со напорна работа и резултати гледам да ја оправдам истата ни изјави Кико

Одлични резултати и за Стевков и Андреевски

Хајраболу донесе одлични резултати и за уште двајца македонски мотокрос натпреварувачи.

Иво Стевков, кој настапува во класата MX2 за МК Вардар, во првата трка го освои шестото место, додека во втората беше петти. Со освоените поени од Турција, Стевков моментално е четврти во генералниот пласман на БМУ MX2 со 102 поени.

Уште еден македонски подиум донесе Виктор Андреевски од МК Ендуро Тим Водно – Скопје во класата MX125.

Андреевски ја заврши првата трка на третата позиција, а во втората направи чекор напред и стигна до второто место. Со овие резултати беше втор во MX125 во Хајраболу, зад победникот Ефе Окур од Турција. Во генералниот пласман Андреевски моментално е на одличното трето место со 106 поени.

Со тоа Македонија го заврши викендот во Турција со победа во MX1, подиум во MX125 и уште еден силен настап во MX2.

47246951 2026 HAYRABOLU KUPA 3

Благодарност до поддржувачите

Илиоски упати благодарност до сите кои стојат зад неговиот настап и сезонава: Triumph Скопје и вработените во Triumph, Konti Hidroplast, Димитар Манџуков, Vulco Prilep, PSS – Power Sport System, Silkolene, IGI-2000, EAM ŠKODA Josifov, FOD Новаци, Стара Градска Куќа, Министерството за спорт предводено од Борко Ристовски, Општина Битола и Мото Клуб Пелистер, како и до сите останати кои го поддржуваат.

„Благодарност и до Motori.com.mk за презентирањето на моите резултати во мотокрос!“, додава Кико.

Следната рунда од БМУ Европскиот мотокрос шампионат е закажана за 6 септември во Кортен, Бугарија, каде Илиоски ќе ја продолжи борбата за шампионската титула.

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: