(Време на читање: 2 - 3 минути)


Христијан Илиоски ја започна новата сезона во БМУ шампионатот со силен настап, завршувајќи на четвртата позиција на отворањето во Романија.

Овој резултат добива уште поголема тежина ако се има предвид дека Илиоски првпат во својата 25-годишна кариера настапи на песочна подлога – терен кој бара сосема поинаков пристап и искуство. И покрај тоа, тој успеа брзо да се прилагоди и да покаже стабилно и конкурентно возење.

bbbcb4ab 6364 4165 ab88 64394b2cc206

Илиоски за мотори.ком.мк потврди дека станува збор за целосно ново искуство за него:

За нас на овие простори, што немаме излезено на стази со ваква песочна подлога, разликата е во искуството и непредвидливоста на патеката. Треба да возиш на песок за да знаеш како да се однесуваш. Јас имам слушнато за Ломел во Белгија и Риола Сардо во Италија – за нив важи дека кој таму вози, може да вози секаде. За тие стази велат: „Земи нов мотор, извози ја трката и моторот е веќе потрошен.“ Истото мислење го делат и тркачите од соседството кои биле на подготовки таму. Уште од дете ми беше желба да возам на тие две стази.

2d0621a5 3b5e 4fcb a8a3 a2f254c306b9

На прашањето за поготовките за трката и конкуренцијата во шампионатот тој вели:

Сега е убава работа што имаме ваква подлога и во Романија. Лично за мене ова беше големо искуство. Имав малку време да се прилагодам, дадов сè од себе, но ми недостига знаење за ваков тип терен. Засега, на ова ниво на песок, немаме друга патека. Конкуренцијата е добро подготвена – нивото на мотокросот кај сите соседи од година во година расте. Одат на зимски подготовки, професионално се подготвени и имаат големи можности да си ја работат својата задача. Јас сè уште немам можност за квалитетна зимска подготовка. Повторно многу работа ме чека по паузата од трките надвор. Од трка во трка ќе се надоградувам. Заостануваме од регионот и со стази, и со трки, и со тркачи – во секој поглед. Како натпреварувач го давам најдоброто, со многу пожртвуваност и над условите секогаш.

97139455 e18e 4fca ad39 a43188e91258

Постигнатиот пласман е добар показател за формата со која битолскиот ас влегува во сезоната, а воедно и најава дека ќе продолжи да се движи нагоре со секоја следна трка, градејќи континуитет на меѓународната сцена.

По трката, Илиоски изрази благодарност до својот тим, спонзорите и семејството – поддршка што му овозможува да остане посветен и мотивиран во секој настап.

Можноста што ми се укажа со соработката со Triumph и со дадените услови е шанса повторно да придонесам во мотокросот од моја страна.

625c060a cf3b 493f b3e6 b2476ad0b0a2

Оваа сезона тој е поддржан од: Triumph Motorcycles Skopje, Konti Hidroplast, Vulco Prilep, Silkolene, Igi 2000, EAM, SKODA Josifov, FOD DOOEL Novaci, Министерството за спорт, Општина Битола и секако неговиот матичен Мото клуб Пелистер.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: