(Време на читање: 1 минута)


Овој викенд започнува новата сезона од BMU Источноевропскиот шампионат во мотокрос, со првата трка која ќе се одржи во Балш, Република Романија.

Станува збор за едно од најзначајните натпреварувања во регионот, кое секоја година привлекува голем број квалитетни возачи и силна конкуренција.

kiko 90Христијан Илиоски - Кико

Од македонските возачи на ова отворање на сезоната ќе настапат:

Христијан Илиоски класа MX1
Иво Стевков класа MX2
Виктор Андреевски класа MX 125
Васко Киров класа MX
Ивица Гиновски класа MX

Нашите претставници ќе се соочат со силна конкуренција од повеќе земји од регионот и пошироко, а токму ваквите трки се одлична можност за стекнување искуство и докажување на меѓународна сцена.

vasko kirovВаско Киров

Се очекува на трката да настапат повеќе од сто возачи во сите класи, од земји како Романија, Бугарија, Грција, Молдавија, Србија, Израел, Македонија и други. Големиот број учесници и разновидната конкуренција ветуваат возбудлив викенд исполнет со неизвесни борби и атрактивни дуели на патеката.

Патеката во Балш е позната по својата техничка конфигурација и брзи делови, што дополнително ќе ги стави на тест вештините и физичката подготвеност на возачите уште на самиот почеток од сезоната.

На нашите тркачи им посакуваме многу успех, добри резултати и пред сè безбедна трка! 🏁

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: