(Време на читање: 1 минута)


„Безбеден град“ е најновиот проект на МВР, кој значи конечно вклучување на безбедносните камери што беа поставени речиси пред две години на сите прометни раскрсници во Скопје. Проектот е дел од прославата на 7 Мај – Денот на полицијата.

safe-city-kameri-bezbeden-grad-890x395_c

На најфреквентните места, на раскрсниците, на влезот и излезот од Скопје, булеварите, мостовите и на улиците што се оптоварени со сообраќај се поставени повеќе од 100 камери. Снимките освен за сообраќајни прекршоци ќе се користат и за откривање криминалци. Има камери што снимаат само во една позиција, но има и такви што снимаат 360 степени.

Проектот значи и дека казната за несовесните возачи што ќе бидат фатени од камерата ќе ја добиваат на домашна адреса.

„Над сто позиции во главниот град се покриени со овие безбедносни камери, а на дел од позициите се поставени камери со можност да снимаат најситни детали. Ниеден сообраќаен прекршок нема да и побегне на камерата“, велат во МВР.

Камерите се поврзани во еден единствен мониторинг-систем.

Извор: „МКД.мк“

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: