Едно момче од Шпанија и една девојка лична Македонка со својата Yamaha XT660Z Tenere се на пат околу светот. Звучи интересно? Дознајте повеќе во продолжение.

Ивана и Ману се запознале на Миконос, каде Ману продавал рачно изработен накит. Од тогаш па до денеска се заедно и заедно го остваруваат потфатот на кој може да им позавиди секој: Пат околу светот со мотор.

Иако не се пасионирани моторџии, совршената формула за нив била да го прошетаат светот на мотор, да бидат во поблизок контакт, не само со луѓето, туку и со природата. Како што велат и самите, отвореното патување со мотор го обезбедува чувството на независност.

Нивното патување започна во Април минатата година, кога со мотор од Шпанија пристигнаа во Македонија, по паузата тука, вистинското патување за нив започна на 13 септември, кога од Македонија тргнаа кон Грција. 

bye bye

Во моментов кога го правиме ова интервју, тие се во Индија, а нивниот мотор е на брод и патува кон Тајланд, од каде треба да продолжат кон Австралија, па потоа следува Америка (Јужна, Централна и Северна) од каде треба да се вратат во Европа. Но патот околу светот предвидува поминување на сите континенти, па така по пристигнувањето во Европа, следна дестинација ќе им биде Африка.

Која е целта на вашето патување?

- Јас и Ману патуваме веќе неколку години на различен начин и тоа е она што не исполнува и не прави среќни. Пред две години имавме интересно патување околу Индија со Ројал Енфиелд и за нас претставуваше вистинско уживање и забава па така да од тоа патување се роди идеата за овој проект „Пат околу светот со мотор“. Целта пред се е да патуваме, да се запознаеме со различни луѓе и култури, традиции и да видиме некои од најубавите места на планетава. Исто така да им пренесеме порака на сите останати дека нема ништо страшно и дека се е возможно да се напрви доколку навистина се сака. Секој треба да го живее својот сон, само на тој начин ке биде посреќна личност.

Кога и како го започнавте патувањето?

- Ова патување го започнавме најпрво во Април од Шпанија до Македонија. Кога стигнавме во Скопје бевме помеѓу идеата да бараме спонзори или да си одработиме уште една сезона од 3 месеци каде вообичаено работиме на Миконос, и на крај одлучивме сами да си ги заработиме парите зашто како што бевме информирани претходно за наоѓање спонзори и не е така лесно. Направивме 3 месеци пауза, си спечаливме пари и продолживме од Македонија до Индија каде што сме сега. Кога ке заврши точно патувањево не знаеме, тешко е да се одреди точен период.

gaia4

Беше ли лесно да се одлучите на ваков чекор, кои беа предизвиците, што ви беше најтешко?

- Да се одлучиме за ова патување навистина ни беше лесно, како што напоменав се одлучивме пред две години, си зададовме задача за напорна работа за да спечалиме доволно средства и тоа ни беше доволна мотивација за на крај да дојде денот да тргнеме. Се беше некако спонтано, бевме повеке сконцентрирани на работата и немавме многу слободно време да правиме планови каде точно ќе патуваме и да вадиме визи. Тешко не ни беше ништо, освен чекањето да дојде денот за да тргнеме.

Зошто се одлучивте за Yamaha XT660Z?

- Кога требаше да одлучиме кој мотор ќе го купиме, изборот беше помеѓу BMW GS и YAMAHA XT660Z, вистина е дека не се разбираме ама баш ништо околу мотори, ама го избравме YAMAHA затоа што ни објаснија дека YAMAHA e повеќе механички додека BMW е повеќе електронски систем, и за нашето патување подобар избор беше Јамахата.

lista-raboti

Ја имаме листата на работи со кои го започнавте патувањето, од до сега поминатото, што заборавивте да понесете, а што се покажа дека е одвишок?

- Со нас немаме многу багаж. Имаме шатор, кујничка, вреќи за спиење и неколку маички и панталони и секако компјутер и камера. Сите работи што ги земавме ни вршат ептен работа. Може ни фалат повеќе резервни делови за моторот, како резервни гуми, филтер за уље и филтер за воздух и кочници затоа што во Централна Азија нигде не наидовме на продавница за мотор или механичар, а во Индија нема модели како нашиот мотор па тешко е да се најде било кој од овие делови. Кога ни затребаа за да направиме сервис на моторот мораше да нарачуваме да ни пратат. Се друго е ок.

Каква е реакцијата на луѓето кога им кажувате за вашето патување?

- Најчесто приказната за нашето патување ја споделуваме со луѓето каде што ја поминуваме ноќта, во мали селца или градчиња и сите се воодушевени и среќни, ни даваат да јадеме и пиеме и да спиеме без никаков проблем и се среќни што баш на нивната врата сме тропнале.

1482920 10151986725248347 864877035 n

Дали до сега имавте потреба од било каква помош при патувањето?

- До сега на ова патување немавме некој поголем проблем и потреба од помош, најмногу што ни треба е да ја преспиеме ноќта кај луѓе дома кога е ладно за во шатор, што до сега не беше никаков проблем, навистина многу пати побаравме и секогаш ни беше возвратено. Еднаш ни се дупна гума во Индија, но за среќа тука секогаш на секое ќоше има решение за се, па така за еден час ја поправија гумата. Бевме среќни што гумата се дупна во Индија, а не на Памир, зашто на Памир сигурно ќе имавме сериозен проблем, многу километри без никој да помине на патот, многу километри без ниедно село.

gaia8

Кој повеќе се грижи за моторот?

- За моторот се грижиме и двајцата колку што знаеме, а не многу. Го носиме редовно на сервис и најголема грижа ни е на двајцата ноќе да му обезбедиме сигурно место за преспивање затоа што многу лесно на овие предели им паѓа на очи на крадците.

Дали Ивана вози мотор?

- Ивана не вози мотор, немам ни дозвола за поголем мотор, ама за наредниот проект што ни е на памет сигурно ќе биде со два мотори. На ова патување сум само сувозач, ама скоро секогаш сум сконцентрирана како да сум возач, пазам на знаци на сите ситници зашто тука луѓето возат малку лудо.

Наскоро ќе ја поминете Индија, потоа каде?

- Сега моторот го пративме со брод од Индија до Тајланд, зашто авионски беше многу скапо. Па за 20 дена би требало да стигне и продолжуваме во југоисточниот дел од Азија за да ја комплетираме и да продолжиме на нов континент.

gaia9

Сретнувате нови предели, луѓе, обичаи, што до сега ви остави најголем впечаток?

- Сретнавме многу луѓе, добри луѓе претежно, преубави места и најразлични обичаи. Поминавме преку пустини, преку море, преку планини стигнавме до плажа на Гоа. Славевме во Казахстан Курбан Бајрам со казахстанците, во Узбекистан славевме роденден на член од фамилијата кај што ја поминавме ноќта, во Таџикистан бевме поканети на свадба, а на Гоа славевме католички Божик со православните Индици. Сите моменти беа убави и специјални. Од местата најсилен впечаток за нас остави Памир планина во Ноември, минусни температури и многу снег и пат на височина од 4.600 мнв.

Временските услови постојано се менуваат, возевте низ снег, низ пустини, што беше предизвик за вас но и за моторот?

- Предизвик беше снегот на Памир планина и замрзнатиот пат 60 км само мраз и 4 саати мачење да го поминеме без да знаеме каде е крајот, доаѓаше ноќ и силен ветер и олуја од снег. Предизвик беше и пустината во Казахстан 600 км без асфалт, само прашина и камења, во моментот кога бевме на овие места беше напорно и тешко, ама сега се тие места кои секогаш ни се вракаат во сеќавање.

gaia2

Дали имате помагатели/спонзори?

- Како што напоменав спонзори немаме. Цело патување е спонзорирано лично од нашиот труд и напорна работа и помошта од многу луѓе кои ги среќаваме на патот секојдневно (кои ни даваат кревет да преспиеме, како и вечера и доручек)

Колку е финансиски побарувачки проект од овој размер?

- За вакво патување навистина се потребни финансиски средства, но ние се трудиме да поминеме со минумум. Трошиме само за бензин и за визи, за преспивање секогаш се снаоѓаме, кога преспиваме кај луѓе секогаш имаме и обазбедена храна. Еден од најголемите трошоци исто така претставува и праќањето на моторот со авион или брод кога не постои пат по копно, како на пример сега од Индија до Тајланд и тоа мора да го финансираме сами. Мислам дека ќе искочиме на крај до крајот на ова патување. Од секое интересно место по патот купуваме материјали и некои убави рачно изработени детаљи што потоа ќе ги искомбинираме и ќе изработиме накит што всушност е и наша работа, и ќе го продаваме кога ке имаме можност во моменти кога ќе ни бидат потребни средства.

Доколку сака некој да ве поддржи (финансиски) на кој начин може да го стори тоа?

- Нашето патување може сите кои се заинтересирани да го следат на www.aroundgaia.com и на нашата facebook страна Around Gaia. Оние што сакаат да помогнат секогаш се добредојдени. Би можеле да помогнат на различни начини само мислам дека би било полесно и подобро откако ќе го завршиме патувањето. Имаме во план да изработиме кратки документарни серијали, фотографии имаме многу и секако би сакале да издадеме една книга за нашето прекрасно искуство.... и уште многу многу други идеи, а секако имаме на памет нови проекти со моторот.

Фала на подршката и на помошта. Поздрав огромен од нас.

Back To Top