mala_reli_2009.jpgЕлена Катлановска е основач на првиот женски мото клуб во Македонија - Кадифени Анѓели. Во интервјуто за motori.com.mk зборува за себе, за моторите, за клубот.

Елена Катлановска е основач на првиот женски мото клуб во Македонија - Кадифени Анѓели. Во интервјуто за motori.com.mk зборува за себе, за моторите, за клубот.


Најпрво нешто за тебе, која е Ели, од кога вози мотори, кога се роди желбата за мотор?

Од кога возам мотор хмм, активно или не активно? Smile Не активно уште во седмо-осмо одделение. За прв пат се качив на мотор Солекс, француски тип на точак со додаден мотор кој оди 20-30 км на час, барем мене така ми изгледаше, вртев кругчиња во населбата каде што живеев (Ѓорче 2), ех тоа беа добри времиња.

Крвта не е вода, мајката на Елена со својот моторцикл

Се залетуваш со Солексот возејќи го како точак што е можно повеќе и држиш кумплунг (со лева рака), а со десната се истегнуваш преку воланот да го симнеш моторот на тркалото, и наеднаш осеќаш силно тресење , во тој момент пушташ цел кумплунг и почнуваш да возиш мотор. Во меѓувреме се обидуваш да го додржиш моторот во права линија и нормално гледаш да не се утепаш, при палење на мотор. Добро се сеќавам кога татко ми ми ставаше бензин 2 л со 4 супени лажици масло така измешана смеса ја сипуваше во малото резерварче на моторот Smile)))))))), да тоа беа добри времинја.

После година-две т.е седмо, осмо одделение, ми го земааа солексот и мајка ми ми рече - кога ќе собереш сама доволно пари да си купиш мотор каков што сакаш да возиш , дури тогаш ќе бидеш доволно зрела за да го возиш.

Така да во 2006 отидов на летна работа во САД собрав некој долар, си набавив Харли опрема ми фалеше уште мотор Smile, и кога се вратив дома прва работа што ми падна на памет е да си купам мотор, но како за почеток после толку години, си земав мотор за кршење т.е. 125цц кинески Smile не само да научам како се вози мотор туку и како функционира истиот.

Морам да напоменам дека немам паднато од мотор  (барем не додека сум возела), паѓам само во место, односно кога ќе закочан и нема движење, знам смешно е но вистина е. Понатамошната надоградба на кубикажа се случи кога работев администација кај Хеми моторс, каде и да несакав да мирисам на уље и сервис за мотори сепак тука ми беше работата, така да поднаучив уште нешто за кинеските мотори, знаев кој мотор која слабост ја има.

Баш во тој период го набавив мојот втор мотор  250цц  чоперче. Супер се покажа  но сега сакам да одам на нешто поголемо или Бандит или Хорнет, но во ум ја имам истата реченица на мајка ми -Кога ќе собереш доволно пари да си го купиш сама моторот, тогаш заслужуваш да го возиш односно си зрела да го возиш, така да полека по полека ќе дојде и тоа Smile

Ели на Рели Македонија во 2009


Дали е тешко да бидеш "моторџика" во Македонија?

Тешко хмм, зависи од кој аспект го гледаш тоа, некогаш е предност, понекогаш е слабост. Предност е што се развива свеста кај народот, дека кога ќе видат девојче на мотор не паѓаат во несвест или да вадат телефони да те сликаат или да те провоцираат на семафори. Се повеќе девојки во градов возат мотори и скутери така да тоа е супер. Иако се случува да во определени средини во Македонија некои луѓе велат мотор не е за женско.

Лошата страна е што се појавуваат типци со појаки мотори или со незнам какви коли и на семафори провоцираат трки, но тоа е до секого да одлучи дали ќе потпадне на провокацијата. Негативната страна што ја имаат сите моторџии во Македонија ја имаме и ние , тоа е непочитувањето на моторот како возило во сообраќајот, но сега преку различни програми се обидуваме, а зборувам за сите моторџии - да го смениме тоа.

{mospagebreak}
Дали до сега си имала проблем со некое момче бидејќи возиш мотор?

За жал има некои сваќања кај "типците" во Македонија, да кажам дека оној што според мене е пософистициран, воопшто не му пречи што девојката негова вози мотор; на повеќето не им пречи што таа го вози него на мотор, но за жал има и такви кои велат - девојката моја да вози мотор нема шанси, а попрво ке се убијам  него да ме вози на мотор.

Сметам дека тука тие губат, но сепак секој има слобода на свое размислување, единствено јас можам да му посочам дека според мене прави грешка но на него е да оцени дали тоа ке го прифати или не.


Дали девојките уживаат почитување од колегите моторциклисти?

Да, и тоа големо од вистинските моторџии, а не од позерите. Значи тие што со години возат мотори и ја знаат суштината на возење на мотор, тоа е дел од нив и дел од нивниот секојдневен живот, тука имаме голема почит и голема поддршка. Додека за "фраерите"
кои купиле мотори за да покажат колку пари имаат или да се прават моторџии за да добијат женско внимание, тогаш се случуваат тие провокации на семафори, нафрлување и закачање. Но што да се прави постојат и такви луѓе неможеш со нив, но можеш да ги .... игнорираш.


Дали на момчињата им е непријатно да бидат твои "сувозачици"?


Непријатно? Нееее, имав доста различни искуства, добро е што повеќето се  доста позитивни, уживаат во вожњите, се релаксираат топ
Smile. Сепак ќе напоменам и неколку случаи од кои ми останале впечатливи сеќавања: едниот е кога возев еден дечко, да се направи главен пред друштвото се качи кај мене на мотор,  можам да кажам дека возев максимум 40-50 км/ч цел пат ми викаше дека му е страв, да внимавам да не паднам, да не удрам некого , леле ова леле она. Ок плашлив дечко, тоа е тоа.

Вториот случај баш ми правева интервју од списанието "Сега" и репортерот го возев  накај водно да направиме со девојките и една фото сесија. На крај од се кога требаше да го вратам накај центар, бидејќи рече дека уживал во возењето го замолив да се држи силно за мене и ако не му представува проблем би сакала да се обидам да го дигнам на едно чоперот. Се согласи и ми кажа дека е супер идеја. Земав залет, но за жал неуспешно, немој да ме сватите погрешно ништо не се случи не успеав да го дигнам моторот, за наша среќа ништо не се случи сериозно супер поминавме, нормално ;). Репортерот изјави дека тие неколку секунди му биле највозбудливите секуниди во неговиот живот и дека ќе раскажува на своите пријатели, претседателката на Кадифените Ангели се обиде да го дигне чоперот на едно тркало со мене
Smile))). Мило ми што се заврши добро и не се случија некои несакани последици. Ако сувозачот не се сложеше на мојот предлог немаше ни да се обидам.


Кој е твојот мотор од соништата?

Harley Davidson, кубикажата не ми е важна сега за сега, се додека е Харли Smile


Дали следиш мото трки? Доколку следиш, кој возач е твојот фаворит и зошто?

Следам само ако некој што знам учествува во трката, во зависност од која трка, кој возач што го знам учествува на истата, навивам за него,
сакам да победи.


Ајде сега малку за клубот. Како настана Velvet Angels?

Возејќи се на неделните вожњи организирани од  motori.com.mk (тогаш возев портокалова 125) на една од тие вожњи со Сузе - позната на форумот како windy woman Smile  разговаравме дека јас сакам да станам член на мото клуб и дека се имам распрашувано кај Ноќните Волци и во Потфат како може да се стане член, дека одговорот што го добив е според европските стандарди на МЦ клубовите девојче неможе да стане член, тогаш Сузе ми предложи да создадам женски мото клуб. Фала Сузе за предлогот, топ е Smile но мојот возвратен одговор беше еден човек не е клуб, да најдам барем уште неколку девојки кои возат мотори и може да се направи клуб ако и тие ја делат истата идеа. 

Така на семафори еден ден се возевме со Кате - мојот сувозач во тој период и ја здогледавме Ангела, нормално почнавме да ја бркаме и на вторите семафори ја стигнавме и го кажав мојот телефонски број за да ме контактира. По извесно време се јави и направивме неколку возења низ градот.  Откако се најдоа уште неколку девојки со мотори , некои што доаѓаа во сервисот кај Хеми каде што работев тој период, некои што ги сретнав низ град, и предложив на Ангела да формираме женски мото клуб. Се состанавме неколку пати, да се одлучи за името, на форумот објавив натпревар за креирање на логото, по пријатели се распрашував како се основа здружение, како што со статутот и сите други пропратни работи централен регистар, печати, банки, знаме. И така се родиа Кадифените ангели првото излагање на Velvet Angels беше на првиот роденден на motori.com.mk, додека свеченото претставување на боите на Velvet Angels се случи на журката на 22.05.2009 во Тренд

Велвеt Angels на првиот роденден на motori.com.mk


{mospagebreak}
Знаеме дека имаше превирања во клубот, што се случи?


После журката во Тренд, определени индивидуи  ја земааа цела заслуга лично за себе. И сметаа дека целото внимание е свртено кон нив, а не кон клубот. За жал тоа беше тоа, во моментот важеше правилото каде што има пари нема правда.  Определени компликации стигнаа и на лично ниво, па затоа помислив дека доколку тие личности сметаат дека се толку способни, треба да се докажат на дело. За жал заради лични егоистички сваќања мораше да се жртвува летната сезона на клубот за да може да се докаже поентата на моите постапки. Можам да кажам дека во тие моменти доста изгубивме како клуб, но сметам дека моторџискиот дух на членките и понатака ќе гори во нив и успешно ке се вратиме во форма оваа година. Секако дека и зимата ни представува една мала пречка , мораме малку повеќе да се чуваме заради фактот што сме девојки и сме поосетливи. Јас лично мислам дека штом тие турбуленции на кризи ги поминавме се понатака ке се одвива полесно и на добро ќе тргне.


Сега кога се средија работите, кои се следните активности на клубот?


Многу би сакала да ви кажам но сепак ке оставам да биде изненадување, бидејќи определени ситуации сеуште се во движење и решавање како понатака.  Несакам да ми се повтори минатогодишната лекција.
Smile


Дали ќе го видиме првиот "женски" мото собир?


За женски мото собир сметам дека сеуште сме доста млад клуб, и по членови и по години на искуство , знам дека има уште неколку работи кои треба да ги научиме за да изведеме голем и добро организиран настан. Како што е мото собир, секако на тој мото собир би имале и гости од странство , така да земено и тој факт во предвид, сега за сега ќе почекаме.

Целата идеа на женскиот мото клуб со која се се почна е да се собереме девојките на мотори и да се возиме сите заедно, да си помагаме меѓусебно на тие возења, да се разбереме помеѓу себе , бидејќи ги делиме истите проблеми гледано од женска страна возејќи мотор (издржување на долги и проблематични стази, што кога ке ти се расипе моторот, и тн.). Не да се собираме кога треба да бидеме видиени само затоа што сме девојки на мотори, атракција, да се собираме затоа што ја делиме истата страст  кон моторите.


Кои се твоите планови за во иднина?


Како што напоменав во едно од претходните прашања, нема да детализирам, но ќе кажам ДА СЕ СТАБИЛИЗИРАМЕ бидејќи претрпевме јак удар, И ДА ПРОСПЕРИРАМЕ.


Што би им препорачала на девојките кои мислат дека моторот е машка работа?


Пробај да го возиш моторот, можеби ке дознаеш нешто што ке ти се допадне, што ке те привлече. Не суди по тоа што другите коментираат за него , пресуди по тоа што ти чуствуваш кога си со него (мислам на моторот, но може да се примени и во животот)

Твоето мислење за македонската мото сцена?

Мислам дека во последниве 2 години верувањата и сваќањата на луѓето за моторџиите, какви што ги гледале по филмови се смени. Дека македонските моторџии не се такви во смисла, насилни и безобразни, сега само треба да внимаваме тоа мислење да го задржиме. Додека тоа што се случи на мото сцената во минатиов период и тоа што треба да се случи во блиска иднина и тука не зборувам за Velvet Angels, само по себе ќе се реши. Тоа што било во минатото има причина зашто доведе до вакви ситуации, треба да размислиме како ке постапиме сега, затоа што сегашниот глас, ќе го слушаме во иднина како ехо. Знаеме кој сме и што сме, кој на која страна замижува или погледнува, кој е во право, а кој не е не сум во ситуација јас да кажам. Сакам да верувам дека на добро ке се заврши се што не е завршено и ќе се почне со повеќе желба и надеж. Една порака до сите моторџии кои го читаат ова интервју, кога ќе требате да направите некоја поголема одлука во врска со моторџиството во македонија, во врска со вашиот клуб, во врска со вашиот сувозач или мото настанот на кој ќе одите, оделете една минута и прашајте се себеси ЗОШТО ПОЧНАВ ДА ВОЗАМ МОТОР. Сметам дека тој одговор ќе ви ја отвори вратата да ја донесете вистинската одлука.


За крај, нешто што не те прашавме, а би сакала да го кажеш?


Погледнете ги сликите што следуваат
Smile

{gallery}ElenaKatlanovska{/gallery}

Back To Top