Домашни

Недан Пановски, уметник кој рачно изработува карбонски кациги!

Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија. 

Недан Пановски е уметник, вајар кој се заљубил во работата со карбон. Прво ги видовме кацигите кои ги изработува сам, а потоа разбравме дека прави и други делови. Ова беше повеќе од доволен повод за да му поставиме неколку прашања за неговите дела.  

1. Кога започна со изработка на кацигите, и што сè всушност подразбира изработката на една кацига која излегува од твоите раце?

Почнав да се бавам со композитни материјали пред скоро две години. Кога ја изгубив работата што многу ја сакав, сакав пак да работам нешто што сакам, а не само за плата. Изработката на една кацига е сложен макотрпен процес кој бара многу под-занаети.

karbon kacigi nedan 1

2. Како изгледаше процесот на учење и колку неуспешни обиди имаше? 

Првенствено почнав со правење на композитни радио контролирани модели, па карбонски украсни предмети, па кациги и една маска за мотор. Овој занает е исклучително тежок за учење, посебно бидејќи морав сам да го учам. Имаше, би рекол, повеќе неуспешни обиди отколку успешни. И сега имам доста неуспешни кациги што завршуваат во отпад.

nedan karbon kaciga

3. Мотивацијата е дизајнот, илустрацијата или...?

Јас сум дипломиран вајар и се бавев со уметност 13 години. Чисто карбонските кациги изгледаа супер, ама си реков да пробам да направам нешто повеќе. Идејата често доаѓа во спиење или рандом ќе ме удри, што се вика. Имав и нарачки, па тогаш почнувам од замислата на муштеријата. Решив да користам златни и сребрени ливчиња, мислам дека многу повеќе одговара со карбонот отколку боја. Тоа испадна потешко од што замислував.

karbon kacigi izrabotka

4. Дали црташ/дизајнираш и готови (купени) кациги?

Не цртам готови кациги. Мислам дека тоа е веќе друга струка, иако морав да навлезам и во тој занает бидејќи сите кациги се лакирани и полирани за да бидат заштитени од сонце.

nedan kaciga bik

5. Има ли некоја поголема крајна цел или е ова само хоби кое причинува задоволство?

Ако се продаваат редовно (сега за сега тоа не е случај) со задоволство би го работел ова. Би имал повеќе видови кациги, вистинска работилница и дури некој вработен. 

nedak karbon vizir

6. Каде може да се набават? Колку чини една кацига?

Сè уште немам инстаграм ниту било каква страница специјално за кацигите. Работам на тоа, ама многу е тешко сè сам. Ако некој сака кацига може да ме контактира на месинџер. Нема друг Недан. Кацигите се околу 120 евра, зависи од многу работи. Искрено и со оваа цена тешко ќе опстанам, ама ај да тргне од некаде.

Би можело да ве интересира

По долгата пауза најголемиот циркуз на 2 тркала се врати во Британија, со одлични трки во трите класи.

Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.

Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција. 

Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.

Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.

Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија. 

Листа на мото настани

Мото клубот No Limit поканува на мото собир на 20 август во Маврово. 

  • 20 Август 2022 - 20 Август 2022
  • Ратрак Маврово

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.