Запознајте ги Бранко, Новак, Михаил, Горјан, Гален и Олег. Јас ги запознав едно неделно попладне на полјана во близина на спортскиот аеродром Стенковец. 

Овие деца, како и сите други, се неуморни кога нешто им е забавно, кога играат, кога се натпреваруваат. И токму така беше тоа неделно попладне. На моменти наивни, на моменти тужибаби, но цело време комплетно фокусирани да извозат подобро од своите другари. 

Овие деца се дел од програмата за деца на Offroad Experience. Виктор Караколев во соработка со ендуро Тим Водно го има креирано Offroad Experienceво 2020 година со цел да понуди можност за изнајмување на offroad мотори но и да овозможи едукација за почетници и постоечки возачи. 

Offroad experience 2

Кога на деца ќе им искомбинираш забава и стекнување вештини, на задоволстовото му нема крај. 

Ендуро возењето експлодираше последниве неколку години, особено под влијание на карантините и ограничените можности за патување за време на пандемијата. Токму во тој период OffRoad Experience беше креиран за да им овозможи на сите ентузијасти на мотори, планини, природа и адреналин ново искуство кое инаку не би се одлучиле да го пробаат. 

За да им се овозможи ова искуство на поширок број луѓе Виктор и неговата екипа започнале да нудат можност и за едукација за почетници, кои по само неколку сесии можат да бидат подготвени да возат и тура. 

Offroad experience 4

Понудата на Offroad Experience е поделена на 3 дела. Оние кои имаат искуство со ендуро мотори може да изнајмат мотори и да уживаат во убавините на планините и природата. Вториот дел е обуката која може секој да ја помине. Секоја обука се адаптира на нивото на вештини и искуство кои ги поседуваат возачите. Секако дека брзината на совладување на техниките и вежбите се разликува за оние кои прв пат се качуваат на мотор и оние кои имаат искуство. 

Убавиот дел е дека за ова искуство комплетно се грижат организаторите. Вие само треба да се појавите, во обуките и турите вклучена е и целосна заштитна опрема гориво, мотор и сл. 

Третиот дел се најмладите, токму оние кои ме пленија мене со својата желба и мотивираност. Со нив се одржуваат редовни часеви и тоа 2-3 пати неделно.

Offroad experience 1

Програмата за децата оди постепено, односно првите неколку часа се учат основните работи. Паралено преку обуките им се наметнува и натпреварувачкиот дух, за да се долови секој момент. Часовите за деца се одвиваат 2-3 пати неделно, најчесто за време на викенди на полигонот Стенковец. 

За оваа опција неопходно е детето да има свој мотор и комплетна заштитна опрема. Пожелно е детето да има желба за возење пред првиот час, понатаму работата е во рацете на тренерот кој, според моето искуство од недета, одлично ги води и насочува. 

Offroad experience 3

Виктор вели дека резултатите се видливи после секој час. А главанта визија за овие тренинзи е децата на се научат на правилно и безбедно возење со што е помалку преземање на ризици. Секако забавата е најважниот аскпет, се останато е бонус! 

Бранко, Новак, Михаил, Горјан, Гален и Олег се неуморни и може навстина да измотивираат секого да проба да вози (ендуро) мотор. Подготвени се за уште другари и секој кој сака може да им се приклучи. Offroad Experience може да ги искомуницирате на официјалните страни на Facebook или Instagram или едноставно може да ги побарате на 076/202-010

Ние (јас и Ниџо) дефинитивно се загреавме за возење, ама за тоа ќе имаме нов текст и видео.

Offroad experience 8

Offroad experience 9

Offroad experience 10 

Back To Top