Од оваа недела CFMoto станува достапен на три нови локации во државата. 

CFMoto Македонија неколку години локално успешно ја гради приказната за најпрепоазнатливот бренд кој доаѓа од Кина. Партнерот на KTM интензивно работи на збогатување на својта понуда во двата сегменти, возила на 2 и 4 тркала, а паралелно, глобално го развива брендот како еден од најпродаваните во Powersport индустријата. 

Од оваа недела и официјално, покрај продажниот салон на CFMOTO на улица ,,Пролет 4А “ – Скопје, нивните модели ќе бидат достапни и збогатени во понудите на уште тројца  дилери во Македонија и тоа во Охрид, Тетово и Струмица. Со нивна помош брендот ќе ја зацврстува врската со самите купувачи, а воедно ќе им овозможи и подобро искуство, поблиску до нив и нивните желби и потреби.

cfmoto partneri 2

- Благодарение на овој пристап и кон нашите купувачи и кон нашите соработници, слободно можеме да кажеме дека CFMOTO цврсто граби кон стекнување на својата висока позиција на нашиот пазар, како што е тоа во моментов на голем број светски пазари вклучувајќи ги и Америка и Канда. - истакна Александар Димушевски за мотори.ком.мк по повод новиот развој на продажната мрежа. 

Во Охрид CFMoto ќе може да се најде во салонот на Ivo Mag Trade на ул. Железничка бр.92. Во Тетово застапник е Moto Lushi со салон во с. Добриште, Општина Теарце, а во Струмица моделите и секако сервис ќе биде дсотапен во Motor Trade на ул. Климент Охридски“ бр. 77 во близина на ,,Арена Фитнес“. 

Повеќе детали за овластените продажни салони и сервси може да се најдата на официјалната страница cfmoto.mk

Back To Top