Убави инфорамции доаѓаат од CFMOTO Македонија. На 25.09, сабота, со почеток во 09.00ч. во Скопје тие организираат тест возење на сите модели кои се достапни во продажниот салон.
CLX700 02
Сите заинтересирани возачи, авантуристи и ентузијасти кои сакаат да ги пробаат производите и да се уверат во нивниот квалитет, комфор и перформанси може да се пријават по пат на порака на Facebook: Cfmoto Macedonia, Instagram: cfmoto.macedonia или на телефонскиот број - 070977572.
 
Условот е да поседувате возачка дозвола најмалку за А категорија. Локацијата на салот е на ул. Пролет, бр 4а, веднаш до Тутунски комбинат (Империал Тобако).
 
Компанијата CFMOTO, основана во 1989 година, развива, дизајнира, продава највисок квалитет на теренски возила за сите површини. CFMOTO се занимава со производство и испорака на најсигурни и најисплатливи ATV, UTV и SSV возила, мотоцикли и скутери, како и соодветна опрема. Од своето основање, CFMOTO успешно разви и пласираше на пазарот повеќе од 98 модели на возила и 51 модел на агрегати.
 
 
Back To Top