Трката која требаше да се вози на 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје се одложува до следниот викенд, односно 14-ти јуни.

Според најавите од Мотоциклистичката Федерација првата трка од шампионатот во мотокрос ќе се одржи на 14-ти јуни (недела), а ден порано ќе се одржат слободните тренинзи со почеток од 14 часот со кои ќе се одреди и распоредот за стартот на трките.

orman 2019 303

Трките во недела ќе започнат во 12 часот, а според препораките за заштите од Ковид-19, истите ќе се одржат без присуство на публика. Доколку дојде до промена на препораките пред трката истата можно е да се одржи со публика, но за ова дополнително ќе ве известиме.

За галерија од минатогодишната трка кликнете овде.

Back To Top