Првата трка од Ендуро шампионатот на Македонија за 2020 година ќе се вози на 21-ви јуни во Велес.

Првата трка е во организација на мото клубот Мото-Велес, Мотоциклистичката федерација на Македонија и општина Велес. Трки ќе се возат во класите Е1, Е1, Е3 и „Велес Оф Роуд“ (за возачи аматери без лиценци).

Следејќи ги препораките од Агенцијата за млади и спорт, во однос на актуелната ситуација со вирусот трката ќе се одржи без присуство на публика. Доколку дојде до промена до одржувањето на трката ќе бидете известени.

Агендата за трката е следна:

09-10 часот: Пријавување и технички преглед
11.00: Старт на трката
16.00: Прогласување

Според програмата предвидено е да се возат 4 кругови по 25км, со еден Ендуро тест во секој круг каде ќе се мери времето.

Back To Top