Од 9-ти до 10-ти мај ќе се одржи Хард Ендуро настанот Топташ 2026. Разговаравме со организаторите на првиот настан од ваков тип во Македонија, мото клубот Хард Ендуро - Прилеп.
Кој стои зад Топташ?
Зад организацијата на настанот стои мото клубот Хард Ендуро Прилеп со цел да се промовира Хард Ендуро спортот во Македонија. Оваа мото дисциплина зема се поголем замав и привлекува се повеќе ентузијасти насекаде во светот. Засега кај нас најчесто преку организирани дружби на клубовите во различни градови во државата. Хард Ендуро Прилеп водени од идејата дека настан со повисока организираност како трка, каде присуствува и публика ќе допринесе за уште побрз развој и поголем интерес за овој спорт реши да организира ваков настан по втор пат.
Како помина настанот во 2025?
2025-та беше година кога за прв пат во Македонија се организираше ваков настан, Топташ Родео 2025 (името го доби по локацијата на одржување). Настанот беше позитивно прифатен како од страна на натпреварувачите така и од страна на публиката која иако малку знаеше за овој спорт очигледно пријатно се изненади и се забавуваше додека следеше. Имаше 32 натпреварувачи поделени во 2 класи, Про и Фан категорија кои се натпреваруваа на кружна патека со должина од 2,8км во неколку кругови. Настанот заврши со Супер Финале кое беше највозбудливо за гледање каде група од најдобрите 5 натпреварувачи се бореа за прво место. Сето ова ни даде уште поголем мотив за уште подобро организиран настан во 2026та.
Што беше добро, каде има простор за напредок?
Ланската година патеката ја креиравме многу внимателно за да се избегнат критични места за можни повреди, односно патеката ја креиравме да биде пред се безбедна но и забавна за возење. Натпреварот помина во најдобар ред со голема дисциплина и со ниту една најмала повреда, и тоа не неправи да бидеме горди на севкупната организација. Оваа година патеката ќе се разликува од ланската за 80% и ќе биде технички многу потешка од ланската. Напредок и идеи за ваков тип на натпревари секогаш постои па затоа оваа година одлучивме трката да биде во 2 дена , првиот ден на 9ти Мај да бидат квалификации за главна трка на ПРОЛОГ кружна патека (полигон) на самото место со препреки подготвена од наша страна, и вториот ден на 10ти Мај да биде главната трка на патеката.
Какви се плановите за оваа година?
Оваа година очекуваме да биде помасовна од ланската и уште подобро организирана со над 50тина учесници ,со голем број на посетители како од нашата држава така и од други држави што веќе имаме некаква најава за можни учесници од други држави.
Ќе видиме ли некое познато име меѓу учесниците?
Оваа година не, но доколку прерасне во поголем меѓународен натпревар сигурни сме во наредните години дека ќе видиме и кај нас многу познати лица од овој спорт.
Кој може да се пријави, што треба за учество?
Секој што има желба да се натпреварува може да се пријави кога ќе бидат официјално објавени условите за пријава. Ланската година како прва година одлучивме да биде без никакво учество односно котизација, но оваа година највероватно ќе биде со некоја симболична котизација, но сепак да почекаме на конечната одлука.
Од каде ќе може публиката да го следи настанот?
Локацијата и стартната позиција ќе бидат објавени на мeстото на настанот (пролог полигонот) со координати и тука ќе можат гледачите да ги следат сите натпреварувачи и резултатите во квалификациите. Наредниот ден за време на трката гледачите можат да уживаат во најтешките места и од патеката каде ќе биде највозбудливо за гледање, исто така сите тие места ќе бидат објавени на мапата од патеката во самата објава.
Какви се плановите за во иднина, по 2026?
Какви се плановите за во иднина, по 2026? ..... Топташ Родео 2027
. Да, сигурно е дека сакаме да ја продолжиме и да направиме една традиција на овој натпревар и секоја година да има се поголемо и помасивно учество и уште по професионална организација да прерасне во еден голем претпознатлив Меѓународен натпревар односно Европски или Светски Куп и секоја наредна година со различен концепт на натпреварување.
Мото клубот Хард Ендуро Прилеп продолжува со подготовките за настанот, а ние ќе ги пренесуваме сите информации навремено. Следете нè.










Коментари