Во недела, 25 октомври, на мотокрос патеката во Орман, Скопје, ќе се одржи третата и последна трка од Отворениот шампионат на Македонија во мотокрос за 2026 година.
Со ова натпреварување ќе биде заокружена годинешната сезона во домашниот мотокрос, а последната трка ќе биде можност за возачите да освојат важни бодови во борбата за конечниот пласман во своите категории.
По возбудувањата на втората трка, која се одржа на 11 октомври на истата патека, се очекуваат нови интересни дуели и неизвесни борби за позициите.
На претходното натпреварување Христијан Илиоски – Кико доминираше во класата MX1, победувајќи во двете возења. Двојни победи забележаа и Антонио Дамјановски во MX2, Виктор Андреевски во MX2J и Зоран Каранфиловски во MXS.
Погледнете ги резултатите од втората трка од Отворениот шампионат на Македонија во мотокрос.
Последното натпреварување во сезоната е уште една можност љубителите на мотокросот во живо да проследат атрактивни возења и да им дадат поддршка на домашните натпреварувачи.
Сите љубители на мотоспортот се поканети в недела во Орман со почеток од 10 часот, заедно да го проследиме финалето на мотокрос шампионатот за 2026 година.

Коментари