На сите ни е познато дека светскиот тенисер бр. 1 подолго време има соработка со Peugeot. А они кои ја следат оваа компанија знаат дека таа интензивно се обидува да се ребрендира и репозиционира со својата гама на две тркала, особено по комплетното преземање од страна на индискиот конгломерат Mahindra. 

Периодов тие се обидуваат да ја „електризираат” својата гама на мотори и тоа со експанзија на линијата e-Ludix. И кој би бил подобар начин да се промовира нешто ако во избор го имаш и еден од најголемите тенисери и најпознати спортисти на денешницита? Peogeot иако се обидува да се подмалди, всушност е еден од најстарите производители на скутери а e-Ludix е уште еден чекор кон светлката и зелена иднина во која влегуваат со својот погон со батерија со капацитет од 1.6 kW и досег од 50-тина киломентри. 

e Ludix 1

Ако се земе предвид дека нема да има потреба да дополнувате гориво на секое, тогаш цената од 3.500 евра и не делува така страшно. Чисто информативно, со последниот чек од Вимблдон, Новак може да со купи повеќе од 550 вакви електрични скутери, ама што ќе му се...
 
e Ludix 2
Back To Top