Пред почетокот на сезоната за секој производител во Мотул Светскиот Супербајк шампионат беа одредени лимитите на бројот на вртежи на моторите.

Оваа сезона со нетрпение се очекува настапот на новата Хонда CBR1000RR-R (SP) која за старт ќе го добие лимитот на хомологираната верзија која е во продажба (15.600), апретходниот модел кој се уште ќе биде на патеката останува со 15050. Од постоечките модели разлика забележуваме кај Јамаха YZF-R1 која доби покачување на 14950 вртежи во минута, „според алгоритмот на успех во сезоната 2019“.

819217

Минатата година видовме една значајна промена во која Ducati V4 доби намалување од 250 вртежи на 16100, откако имаа доминантен старт на сезоната во која Алваро Баутиста забележа 9 победи на првите три рунди.

Супербајк комисијата го воведе правилото за намалување или зголемување на бројот на вртежите кај производителите во 2018 година со цел да се добие конкурентност помеѓу возачите и тимовите.

Според лимитот кој е усвоен, тимовите сезоната ќе ја започнат според следната табела:

Aprilia: 14700

BMW: 14950

BMW 2019: 14900

Ducati V2: 12400

Ducati V4: 16100

Honda (SC77): 15050

Honda (SC82): 15600

Kawasaki: 14600

MV Agusta: 14950

Suzuki: 14900

Yamaha: 14950

Back To Top