Џонатан Реа повторно ги собра сите погледи по одличниот настап на последниот ден од заедничките тестови на MotoGP и Субербајк тимовите кои се оддржаа на патеката во Херез. На крајот тој го имаше четвртото вкупно најдобро време.

Само Андреа Довициозо, Кал Кратчлоу и Хорхе Лоренцо постигнаа подобар резултат од Реа кој имаше време од 1’37.986. Уште поимпресивен е фактот дека Реа постигна време кое беше за една секунда подобро од времето со кое Марко Меландри ја освои пол позицијата на трката во Херез која се оддржа во септември.

JRFRIDAY

Андреа Ианоне го имаше второто најдобро време на последниот ден од тестовите и заврши со заостанување од само 0.044 секунди зад три кратниот супербајк шампион. На третата позиција заврши возачот на КТМ, Пол Еспаргаро.

Вториот возач на Suzuki, Алекс Ринс, го имаше четвртиот најдобар резултат, а вториот најбрз супербајк возач беше Том Сајкс кој заврши на петото место.

Данило Петручи го постигна шестото најдобро време и на крајот заврши пред Алекс Ловс, кој на последниот ден од тестовите го подобри своето време и заврши пред Британските возачи, Бредли Смит и Скот Рединг. Џек Милер ги заокружи првите десет места.

finalfriday

Back To Top