Поранешниот MotoGP возач ќе мора да почека некој друг ден за да дебитира во WorldSBK серијата.

Само еден возач успеа да се појави на патеката на првиот ден од официјалниот претсезонски WorldSBK тест. Дождот кој постојано паѓаше на патеката во Херез ги принуди другите возачи да останат во гаражите.

Од 20 возачи кои се пријавени за настап во шампионатот, десет беа присутни на дво-дневниот тест во Херез. Но ниту еден возач не се обиде да настапи на тешките услови. Наместо тоа, овој дополнителен ден ќе го искористат подоцна во сезоната.

А во пресрет на тестот, сите со нетрпение го чекаа настапот на поранешниот возач во MotoGP серијата и Moto2 шампион , Тито Рабат, кој ќе дебитира во серијата со Barni Racing Ducati.

Tito Rabat txt 21 01 2021

Шпанецот беше фотографиран во боите на тимот но за неговиот прв официјален настап ќе мораме да почекаме до четврток.

Од фабричките тимови, во Херез се присутни Kawasaki и нивните возачи, Џонатан Реа и Алекс Ловс. Тука се и Ducati заедно со Скот Рединг и Мајкл Рубен Риналди.

Присутен е и Чез Дејвис кој се подготвува за деби настапот во боите на Go Eleven. Тука е и новиот шеф на HRC, Леон Камиер кој треба да го следи возењето на Леон Хаслам и Алваро Баутиста. Присутни се и дебитантите Лорис Кресон (OUTDO Kawasaki TPR) и Исак Вињалес (ORELAC Kawasaki).

Единствениот возач кој се појави на патеката беше Леонардо Такини од ORELAC кој ќе настапи за шпанскиот тим во WorldSSP класата.

Back To Top