Во било која друга година, пад на продажбата од 10% би значело и барање на оставка од претседателот на бордот на директори на компанијата.

Но 2020-та не беше обична година а Ducati не е обична компанија. Дури и со строгиот карантин во Италија, Ducati успеа да оствари профит па дури и да ја зголеми продажбата во одредени делови од светот. Главниот дел, како што вели шефот на одделот за продажба, е грижата за корисниците и пасијата.

„Ова беше комплексна и тешка година“, вели Франческо Милициа. „На почетокот мислевме дека тоа ќе се однесува само на неколку држави но веќе во март видовме колку е сериозна ситуацијата. Во Италија имавме висока стапка на смртност во првиот бран и ситуацијата беше навистина сериозна, особено на северот од земјата.“

Брзината со која се рашири пандемијата го изненади Ducati и предизвика вознемиреност кај вработените кои наголемо се подготвуваа за продажбата која требаше да почне на пролет.

Francesco Milicia

„Во петок попладне имавме состанок на кој ни беше кажано дека од понеделник треба да затвориме. Се беше блокирано а ние бевме подготвени за дистрибуција на Streetfighter“, вели Милициа.

„Според нашите првични проценки, загубата оваа година требаше да биде 30 проценти. Но, искрено сме импресионирани од опоравувањето. Streetfighter се продава многу повеќе оваа година во споредба со претходната а исто така и Fasthouse Scrambler ќе се продаде за само неколку дена.“

DUCATI SUPERLEGGERA V4

Интересно за Ducati, чиј главен пазар на продажба останува Италија, главната конкуренција не им доаѓа од силните машини кои се произведуваат надвор од Европа туку од поефтините брендови.

„Во Италија пазарот малку се промени и сега има голема конкуренција во однос на цената. Но ние не сакаме да се напреваруваме со ваквите производители. Мораме да го заштитиме нашиот бренд. Тој постои веќе 100 години и мораме да го почитуваме тоа“, вели Милициа.

„Но важно е и да се привлечат младите возачи и ние работиме на тоа. Дури и кога креираме машина со помал капацитет, тоа можеме да го направиме со стил и софистицираност кој е препознатлив за Ducati.“

Ducati Factory

А со оглед на тоа дека се повеќе фирми се трудат да имаат што е можно помала емисија на штетни гасови кај нивните производи, дали компанијата треба со електрични мотоцикли да ги привлече новите возачи? Милициа вели не, барем не во моментов.

„Размислуваме и работиме на електрика“, додава Милициа. „Ние сме дел од група која работи на електрификација и ова е добра можност за Ducati.“

„Дали наскоро ќе произведеме електричен Ducati? Не. Мислам дека во однос на она каква машина произведуваме денеска, електричниот мотоцикл не може да го гарантира уживањето, опсегот и останатите работи кои ги очекуваат возачите на Ducati. “

„Ние исто така разгледуваме и други опции за да се намали количеството на штетни гасови, како на пример синтетичко гориво. “

„Мислам дека една од тајните на Ducati е кога имаме нов производ, разговараме со нашите дилери и со нашиот тим. Има една изрека која гласи: Никој не знае како да ја подобри машината освен лицето кое работи на неа. Истото ова се однесува и на мотоциклите. Продавачите се оние кои секојдневно разговараат со клиентите и тие најдобро знаат кои се нивните барања.“

DucatiMultistradaV4S

„Ние секогаш се обидуваме да креираме подобар производ за нашите клиенти. Во изминативе пет години потрошивме многу време работејќи на квалитетот и издржливоста на нашите производи. Во истиот период, моравме и да замениме многу од нашите добавувачи кои не го почитуваа квалитетот на производите.“

„Благодарение на сериозните контроли, веднаш видовме дека имаме проблем со еден од вентилите кај Multistrada V4 и одлучивме без никакво одложување да му дадеме приоритет на овој проблем.“

„Всушност, од превентивни причини одлучивме да повлечеме дел од оваа линија на мотоцикли. Се додека не биде решен проблемот, на лицата кои ги купија овие мотоцикли им дадовме замена а исто така две години имаат бесплатна дијагностика и оддржување.“

Back To Top