Викендов “збрче” уште еден нов модел на Ducati.

Фабриката за мотоцикли од Borgo Panigale викендов пласираше промо видео во кое можевме да го видиме, и до некаде чуеме, новиот прототип на моторот кој ќе се натпреварува во светскиот шампионат за електрични мотоцикли како единствен добавувач, од 2023 година. Со ова воедно и ќе ја замени малата компанија Energica, која со моделот Energica Ego Corsa го расчисти патот исполнувајќи ја задачата на единствен добавувач веќе четврта сезона, од инаугурацијата на оваа класа во 2019-та година.

Ducati MotoE first test vallelunga 1 800x445

На тестирањето кое се одвиваше на патеката Autodromo Vallelunga Piero Taruffi во близина на Рим, Италија, техничкиот тим на Ducati прибираше нови информации од прототипот V21L како подготовка за новата сезона. “Тешката” задача на набивање километража ја има поранешниот тркач Alex de Angelis кој има што да каже, особено ако се земе предвид неговото огромно искуство кој го собираше во светските шампионати и тоа во 125 & 250cm³, Moto2, MotoGP, WSBK и MotoE! Улогата на развоен возач ја дели со уште еден искусен возач, кој ги има “поминато” скоро сите класи, Италијанот и тест возач на фабричкиот тим на Ducati во MotoGP, Италијанот Michele Pirro. Со оваа возачка постава не би требало да има сомнежи за крајниот резултат.

Roberto Canè е задолжен за менаџирање на тимот под закрилата на проектот Ducati eMobility, и изјави дека е задоволен од досегашниот развој, кој е резултат на постојаната работа уште од промовирањето на соработката со FIA минатата година. Ова е второ тестирање по она во Октомври 2021 година, на патеката Marco Simoncelli во Misano.

Сигурно дека Италлијаните ќе ја искористат соработката, покрај маркетиншкиот ефект, и за развој на цивилна верзија со која би го освојувале и пазарот на електрични мотори кои, сакале или не полека расте во светски рамки.

Маркетинг тимот знае дека за возење мотор покрај брзината, е важен и звукот, па во промо видеото особено посветила внимание на овој дел. 

Погледнете (и чујте)!

Back To Top