По првата трка во GT World Challenge Europe, во која Rossi собираше искуство, дојде и втората трка во Brands Hatch во која ги освои и првите бодови!

Новиот предизвик на мотоциклистичката легенда, полека но сигурно почна да вродува со плодови. По првиот хаотичен викенд на трката во Imola во која се случи дури и промашување на боксот, работите почнаа да доаѓаат на свое место. И иако не се работи за некои спектакуларни резултати, кога знаеме дека големата легенда заедно со својот тимски колега Frederic Vervisch во втората трка освои осмо место, а со тоа и 2 бода, фактот дека се работи за конкуренција од 25 болиди не е за занемарување. Настапија за својот тим WRT зад воланот на Audi R8 LMS GT3, додека конкуренцијата е составена од моќните болиди Mercedes-AMG GT3, Ferrari 488 GT3, Lamborghini Huracan GT3 EVO, Porsche 911 GT3 R, Aston Martin Vantage AMR GT3, Bentley Continental GT3, McLaren 720S GT3 и BMW M4 GT3.

Она што е најважно е дека до вчера многумина и не знаеја дека постои овој куп, кој е веќе во својата деветта сезона. Тоа е моќта на Valentino Rossi. А човекот не прави ништо посебно. Едноставно си е свој и харизмата со која зрачи лесно се препознава. На крајот на краиштата неговата улога во трансформација на MotoGP во она што е денес воопшто не е занемарлива. Дури во неделната трка во Jerez, неговиот последен лут ривал Marc раскажуваше после трката како една од ракавиците која ја фрли во публика развршила во рацете на фан на Rossi, па дури и се нашали дека сигурно сега навивачот ќе купи маица со бројот 93. Сигурно...

Веруваме дека овој и Европски GT шампионат ќе добие на уште поголема популарност токму заради бројот 46.

Инаку Белгискиот колега Frederic има само пофални зборови за работната етика на Италијанот кој неуморно работи за да се адаптира што е можно побрзо на новото опкружување и да покаже што умее. А што умее? Да вози брзо, интелигентно и посветено. Така возеше во текот на целата кариера и како што и самиот кажа на прес конференцијата во септември 2021-та кога го најавите неизбежното повлекување од трките на 2 тркала: Да, јас ја завршувам кариерата како MotoGP возач, но не и како тркач. Јас сум тркач и сакам да продолжам да се тркам за секогаш!”

Да се надеваме дека неговата пост MotoGP кариера ќе потрае колку што е можно подолго!

Back To Top