Сем Ловс беше незапирлив и имаше речиси перфектна трка. На крајот стигна до победа со разлика од осум секунди.

Сем Ловс успеа да ја претвори втората пол позиција во трета последователна победа. Возачот на EG 0,0 Marc VDS имаше одличен старт на трката. Откако го урна рекордот на квалификациите постигна и најбрз круг.

Британскиот возач постојано ја подобруваше разликата. Првично Фабио Ди Џианантонио му беше блиску но до крајот разликата меѓу двајцата возачи изнесуваше 8.425 секунди.

Ловс стана само петиот Британски возач кој постигнал три победи по ред во средната класа. Последен на кој му успеа ова е Фил Рид во 1971 година.

Ди Џианантонио даде се од себе да му се доближи на Ловс и поради тоа и тој направи разлика со останатите возачи. Сепак, на крајот мораше да се задоволи со второто место. На крајот заврши со предност од 2 секунди во однос на Енеа Бастианини. Возачот на Italtrans мораше да му го препушти првото место на табелата на Ловс кој сега има предност од седум поени.

Реми Гарднер заврши на четвртото место а возачот на Onexox TKKR SAG успеа да ја одбрани позицијата од нападите на Хорхе Наваро. Шпанецот мораше да притисне по слабиот старт на трката.

Шпанецот успеа да го сочува петото место после долга борба со Хорхе Мартин, Аугусто Фернандез и Џејк Диксон.

Мартин мораше да се задоволи со шестото место а Џејк Диксон во последниот круг успеа да дојде до седмата позиција. Возачот на Petronas се обиде да се носи со Ловс. Но иако после првите неколку круга беше на третото место, набрзо падна на петата позиција.

Lows txt 2 26 10 2020

Последен од квартетот беше Фернандез, на вториот мотоцикл на Marc VDS.

Деветото место го освои дебитантот Маркос Рамирез. Ова за него беше четврти пат како завршува на позиција која носи поени за Tennor American Racing.

Неговиот тимски колега Џо Робертс, и покрај сите проблеми, успеа да заврши меѓу првите десет возачи.

Лука Марини се соочува со проблеми во борбата за титулата и покрај тоа што на крајот успеа да дојде до единаесетата позиција. Возачот на Sky Racing имаше уште еден лош викенд во Арагон.

Чави Виерге, и покрај тоа што возеше со болки, успеа да дојде до дванаесетата позиција. Хафиз Сиахрин заврши на тринаесетата позиција додека пак Симоне Корси беше петнаесетти.

Трката предвреме заврши за Том Лутхи. Касма Даниел, кој беше пред него на патеката, падна и сосебе го повлече и Швајцарецот. Проблеми имаше и Тецута Нагашима кој на крајот сепак успеа да дојде до четиринаесетото место.

Марко Безеки излета надвор од патеката после само неколку круга. Хектор Гарзо се лизна додека се бореше за петото место. Пред крајот на трката несреќи доживеаа и Едгар Понс и Стефано Манци.

Чави Карделус повторно го менуваше Арон Катен и на крајот заврши на 22-та позиција, едно место погоре од Пјотр Биесиерирски.

Back To Top