Останато

Danilo Petrucci - џинот со големо срце

По малку разочарувачкиот крај на неговата MotoGP кариера, Италијанецот прифати нов предизвик во облик на најнемилосрдното автомото натпреварување на планетава – релито Дакар 2022. 

Danilo Petrucci Dakar 1

Прв натпреварувач кој победил и во трка на MotoGP и на една етапа на Дакар на две тркала. Ова е уникатен резултат и своевиден рекорд. По овој потфат што и да се случи во натамошниот тек на натпреварувањето ќе се смета за бонус. 

Пред воопшто да се помисли да му се суди на овој џин (според просекот на физичката градба на натпреварувачите во MotoGP), треба да се земе предвид тежината на условите на натпреварување во пустинското рели Дакар, како и фактот што Данило доаѓа од малку поразлична категорија на натпреварување со минимално време за адаптација.

Сосема различен тип на натпреварување се MotoGP трките со прототипови на кружни асфалтни патеки, заедно со останатите учесници, од рели натпреварување потполно сам на песочна подлога во сред пустина исполнета со карпи и камења кои без најава се појавуваат и го земаат данокот секоја година. 

Danilo Petrucci Dakar 2

По солидниот старт на релито Дакар со одличното 13-то место на првата етапа, Danilo повторно ја почуствува суровоста на мото спортот кога мораше да се откаже веќе на втората етапа по проблемите со електрониката на бензиската пумпа на неговиот KTM. Да биде уште полошо Danilo ги изгубил телефонот, пасошот и новчаникот и можеше само да го искористи системот за дојава инсталиран на секое возило учесник на релито, за да ја информира управата на трката за проблемот.

Ако се земе предвид лажниот позитивен тест кој му запрети со завршување на натпреварувањето уште пред воопшто да почне, може да се разбере огромното разочарување. 

Правилата кажуваат дека натпреварувачот може да се врати во трка по поправка на возилото со одредена временска казна. Ова секако ја исклучува и можноста за конечен висок пласман, но овозможува продолжување на натпреварувањето, а со тоа и можноста за освојување на поединечни етапи и собирање на вредно искуство.

Danilo Petrucci Dakar 5

Веднаш по враќањето во трка, Италијанецот повторно покажа брзо темпо и конечно со победатга на етапа 5 докажа дека не е случајно во друштво со најдобрите мотоциклисти во светот. 

Данило и онака немаше класичен пробив до MotoGP, доаѓајќи од Superstock натпреварување наместо од пониските Moto3 и Moto2 категории, па секогаш беше гледан како аутсајдер случајно залутан во најбрзата категорија. 

Дури и по двете победи со Ducati, по падот во формата и преоѓањето во сателитскиот Tech3 тим на KTM, злобниците продолжија да се ситат и да коментираат дека сепак овој Италијанец не е победнички материјал. Токму Tech3 KTM му даде шанса за Дакар 2022.

Затоа беше сосема очекуван изливот на емоции и незапирливите солзи низ кои едвај успеа да изјави дека цел живот сакал да остави некаква трага во светот на две тркала и да биде запишан во историјата според успесите што ги постигнал. 

Би можело да ве интересира

По долгата пауза најголемиот циркуз на 2 тркала се врати во Британија, со одлични трки во трите класи.

Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.

Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција. 

Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.

Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.

Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија. 

Листа на мото настани

Мото клубот No Limit поканува на мото собир на 20 август во Маврово. 

  • 20 Август 2022 - 20 Август 2022
  • Ратрак Маврово

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.