Како што погребите и венчавките се дел од секојдневието, нема причина да не бидат дел и од уникатното наптреварување како што е релито Дакар.

dakar proposal

За многумина Дакар значи живот, значи повторно откривање, запознавање на себе си, жартва, љубов, пасија, искушение... и што ли уште не. Дакар е нешто што мора да се доживее, да се искуси, да се преживее, од првото искачување на пиедесталот, затоа што сите кои се качуваат на самиот почеток на него се победници, па се до последното искачување на истиот, на самата последна етапа која значи си завршил голеееема работа.  

Денес се возеа последните километри од овогодинешното рели Дакар 2022, на кое во конкуренција на мотоцикли победат по вторпат замина во рацете на Британецот со пасош од Дубаи Sam Sunderland (KTM), а кај автомобилите по четврт пат победи Катарецот Nasser al-Attiyah зад воланот на Toyota Hilux. И покрај бројните повреди и откажувања фатална жртва немаше, се до последниот ден кога пустината повторно си го наплати својот долг. Овој пат данокот го плати ни крив ни должен 20-годишниот механичар Quentin Lavallée кој со своето возило задолжено за сервисна поддршка се судрил со локален камион. Засега нема информации кој и како погрешил, но тоа воопшто и веќе не е важно. Сочуствуваме со семејството и се надеваме на полполно закрепнување на сопатникот Maxime Frère кој е префрлен во болница.

Циклусот на животот вели дека по смртта доаѓа раѓање, па по оваа лоша вест доаѓа и една позитивна вест во облик на запросување од страна на шпанецот Javi Vega кон својата девојка Sara García Álvarez, која ја прифати понудата со огромна насмевка. Прстенот беше врачен на целта на релито, што дава уште една друга димензија на целиот настан и гарантира паметење до крајот на животот. Инаку нивната приказна е интересна и ѝ претходи една несреќа кога лани во Саудиска Арабија Javi се здобива со тешки повреди при пад на една од етапите на релито.

Уште од тогаш се раѓа планот во кој Javi ќе послужи како поддршка на неговата девојка. Планот се остварува оваа година се овековечува дополнително со запросување. 

Така, по којзнае кој пат, релито Дакар остава уникатен кисело-сладок вкус карактеристичен за големите битки кои се водат во животот, па од спортско натпреварување и хоби, на крај остава неизбришлива трага. 

Back To Top