X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Анализираме...

X-803 пристигна на пазарот како ексклузивна еволуција на X-802RR, врвна кацига која настана како резултат на искуството кое групацијата Nolan го стекна во MotoGP и SBK. Направена целосно од карбон, новата X-803 е комплетна и ексклузивна тркачка кацига за најпребирливите возачи.

Оклоп...

Оклопот е направен од екстремно лесни јаглеродни влакна и е достапна во три димензии.Стабилноста при големи брзини исто така е подобрена а ова се должи на држачите внатре во кацигата. Тие се прилагодуваат во зависност од позицијата како и стилот на возење.

X Lite Txt 1 18 02

Уште една промена во однос на претходната кацига имаме кај штитникот за брадата. Сега тој нуди поголем статички како и динамичен комфорт. Тежината на кацигата од големината М изнесува 1310 грама.

X Lite Txt 2 18 02

Вентилација...

Вентилацискиот систем е познат како „Racing Air Flow“, а X-Lite има три големи отвори за проток на воздух кои се наоѓаат на врвот на кацигата. Три отвори исто така има и на долната страна на кацигата.

X Lite Txt 3 18 02

Новина е тоа што имаме два дела кои го извлекуваат воздухот кои се наоѓаат по страничните делови како и еден позади, интегриран во задниот аеродинамичен спојлер.

Визир...

Големиот визир ви обезбедува одличен преглед. Тој има и механизам кој не дозволува случајно отворање. Целокупната прегледност на X-803 е исто така подобрена во споредба со неговиот претходник. Како резултат на ова нуди поголем комфорт и безбедност. Кацигата вклучува и „Pinlock“, а визирот користи и систем кој овозможува прилагодување.

Внатрешност...

Внатрешноста е креирана од иновативна мрежа која овозможува струење на воздухот над вашата глава.

X Lite Txt 4 18 02 copy

Има и штитници направени од отпорен материјал, а оние делови кои се во контакт со вашата кожа се многу комфорни и изработени од пријатен материјал.

Детали...

X-803 има ремен со двоен систем на заклучување, најбезбеден на пазарот и единствен кој има дозвола да се појави на пазарот. Како додаток на ова, каишите се изработени од специјален материјал кој ги прави помеки при контакт со кожата. Кацигата исто така има и „Nolan Emergency Release“ систем.

X Lite Txt 5 18 02

Ова им помага на тимовите доколку имаат потреба лесно да ја извадат кацигата од главата на возачот. Овој систем исто така помага и дишењето на возачот да не го замаглува визирот.

Накратко, со новата X-Lite X-803 Ултра Карбон кацига, фановитe на мотоциклите добиваат одлична кацига која обезбедува врвни перформанси во однос на безбедноста и комфорот.

Back To Top