Гигантот во производство на облека, Alpinestars, го претстави Tech-Air 5, елек кој има воздушно перниче и кој може да се носи под секоја јакна.

Alpinestars го објави првиот самостоен, airbag систем за кој тврдат дека може да се носи под секоја јакна.

Новиот Tech-Air 5 елек доаѓа со активен електронски систем кој има шест интегрирани сензори како и алгоритам кој користи вештачка интелигенција за да одлучи кога да го активира воздушното перниче во случај на несреќа.

Компанијата тврди дека откако ги анализирала податоците од падовите на најдобрите MotoGP возачи, системот може сам да детектира пад и да се активира за 20 до 40 милисекунди со цел да го заштити возачот. Исто така тврдат и дека системот е за дури 95 % подобар од обичната заштита.

alpinestars txt 1 15 01

За да се активира системот, возачот мора да го закопча елекот и да ги поврзе магнетните каиши. Елекот е опремен со литиумска батерија која, според компанијата, со едно полнење може да трае до 30 часа.

Tech-Air 5 исто така има и Bluetooth опција која им овозможува на возачите да го поврзат системот со Tech-Air App. Со новиот елек, Alpinestars и Dainese ја предводат промената кај облеката со воздушни перничиња наменета за мотоциклистите. Новата Tech-Air 5 сега ќе биде главна конкуренција за паметната јакна на Dainese која исто така е опремена со воздушно перниче.

Елекот Tech-Air 5 ќе биде достапен од март 2020 година и ќе се продава по цена од 699.95 долари.

Back To Top