За две недели на патеката во Муџело бројот 46 ќе биде повлечен!

Според официјалното соопштение на MotoGP во саботата пред следното гран при во Италија, односно на 28-ми мај, бројот 46 ќе биде повлечен од употреба. По примерот на практиката од другите спортови, организаторите, секако оправадано и заслужено одлучиле дека веќе никој во овој шампионат нема да може да го користи бројот 46. 

Секако, Вале ќе присуствува на самата церемонија. Вообичаената пракса до сега за повлекување на број се случувала кога некој возач ќе загине на сама патека. Во минатото тоа се случувало неколку пати вклучувајќи ги броевите на Ники Хејдeн #69 и Марко Симончели #58. Прв повлечен број бил бројот #34 на Кевин Шварц и тоа по неговото пензионирање. 

Роси стана дел од куќата на славните минатата година, непосредно пред неговото пензионирање. Повлекувањето на бројот како одлука е донесено од Дорна и покрај тоа што тој не го побарал тоа. 

Не сите се согласуваат со оваа пракса на повлекување на број на поранешен тркач. Некои аргументираат дека на тој начин не им се дозволува на младите генерации кои дури и ги носат имињата на некои од воите јунаци да продолжат да им ја укажуваат почитта на своите идоли пореку продолжување на приказната за бројката. Но, што е тука е. 

Останатите медиуми во продолжение на оваа објава излистуваат детали од богатата кариера на „докоторот” ама штом си стигнал ова да го читаш на овој вебсајт веруваме дека нема потреба да те потсетуваме за ликот и делото на легендата. 

Добро, еве на кратко. 9 титули, 115 победи и 235 подиуми. Останатото останува длабоко запишано во MotoGP историјата. 

Back To Top