MV Agusta направи подобрувања кај еден од нивните најпопуларни модели, Brutale 800 RR, кој сега има нов мотор, шасија како и електроника.
Идејата, како што велат од MV, е тој и понатаму да биде интересен и забавен за возење. Ова звучи навистина добро.
Моторот има промени со цел да биде во согласност со Euro5. И внатре во него има мали промени и сега се додадени „Coatings“ во форма на дијамант со цел да се намали триењето. Издувот исто така е редизајниран.
Но и покрај овие, еколошки промени, врвната моќност останува иста, 138bhp, што воопшто не е лошо за 800cc triple. Со цел да се подобри менувањето на брзините, мотоциклот е опремен со нов кумплуг. Исто како и кај претходниот модел, MV како опција го нуди „Smart Clutch“ системот.
Големи промени има и кај електрониката, благодарение на „Inertial Measurement Unit“ креиран од страна на Италијанската компанија e-Novia. Brutale 800 RR сега доаѓа опремен со сензитивна контрола на тракцијата, ABS, контрола за старт.
Сето ова може да се селектира преку копче кое се наоѓа на левата страна а резултатот се појавува на 5.5 инчниот TFT екран. На екранот можат да се видат и неколку други работи кои помагаат при возењето, вклучувајќи turn-by-turn навигација кога ќе го приклучите вашиот телефон како и cornering lights кои се појавуваат благодарение на IMU.
Има и неколку практични промени кои се од корист при подолги дестинации, вклучувајќи ја контролата на патувањето и поголемо седиште.
Промени има и кај рамката која сега има нови странични панели а подобрена е и задната суспензија. Подобрени се и амортизерите со цел од нив да се извади максимум.